Bookbox

Кога воздухот станува посвеж, хризантемата одбива да ја прифати промената на сезоната. Раскошна, со густо наредени ливчиња во бои од бела и жолта до бронзена, лила и темноцрвена, таа ги разубавува градините токму кога повеќето други растенија веќе се подготвуваат за зимскиот одмор. Но, таа не е само есенски украс. Нејзината приказна трае повеќе од три илјади години и ги поврзува древната медицина, царските дворови и различните културни претстави за животот и смртта.

Цело време мислевме дека станува збор за турцизам. Ама името да ти доаѓало од шкотскиот инженер Џон Лаудон Мекaдам, кој осмислил поевтин и потраен начин за изградба на патишта, поставувајќи ги темелите на технологијата што подоцна ќе доведе до современите асфалтни коловози.

Бесрамноста како извор на политичка моќ

Отпорот да се биде прифатен од другите може да стане извор на политичка моќ. Социјалните мрежи овозможуваат постојано следење на јавното однесување: секоја изјава може да биде извадена од контекст, осудена и искористена против оној што ја дал. Стравот од нарушување на сопствениот углед ги тера луѓето да се самоцензурираат, да избегнуваат чувствителни теми и да ги приспособуваат своите ставови на она што се смета за општествено прифатливо. 

Кога лондонските улични светилки служеле кафе, чај и „течно говедско“

Многу пред автоматите за кафе и „паметните“ градови, Лондон експериментирал со улични светилки што, покрај осветлувањето, нуделе топли пијалаци, цигари, разгледници, па дури и директна телеграфска врска со Скотланд Јард.

„Читајте!“ - би имала ли ефект ваква кампања кај нас?

Од Бил Козби и Опра Винфри до Даниел Редклиф и Стивен Хокинг – повеќе од 180 познати личности позирале со омилената книга во раце, во кампања на Американското здружение на библиотекари што трае веќе четврт век, а која порачува нешто едноставно: читајте.

Филмовите со супер-херои се лоши за демократијата

Што е разликата помеѓу Бетмен, Супермен, Вондер вуман, Тор, Ајрон мен oд една, и Доналд Трамп од друга страна? Првите се моралистички аристократи со комплекс на супериорност, кои автократски ја наметнуваат својата идеја за „праведност“. Вториот е актуелниот претседател на САД. Очигледно, нема разлика.

Каде ни е точно душата?

Пребарувајќи илустрации за овој текст останавме зачудени од скудниот избор на визуелни претстави на „душа“. Те некои апстрактни форми, облаци, пеперутки, маглини. Ако е тешко нешто да визуелизираш, тоа е затоа што е тешко воопшто да го разбереш. А кога е во прашање душата, тоа е тешко веќе илјадници години. 

„Лигет“: зборот за голема тага која поттикнува насилство

Она кога си толку гневен, лут и тажен што сакаш некого многу да повредиш? Да пукаш во него или да му скинеш глава? Епа - лигет.

Исландскиот издавач кој печати книги само на полна месечина

И не само тоа - она што нема веднаш да се продаде, потоа го пали.

Јерговиќ за една поинаква тиранска платформа

Вчера, 30.05, при примањето на наградата Прозарт на фестивалот Про-за Балкан, Миљенко Јерговиќ прочита за оваа прилика посебно напишан текст. Неговиот инаку тивок и спокоен глас моќно одекна низ амамот, а нам, на веќе снеможените на срце и нерви, ни даде надеж за нормалност и убавина.

Цвеклото на Ајнштајн: книга за различните фобии поврзани со храна

Бритни Спирс мрази ролат од мелено месо и секаква „набабрена“ храна. Артуро Тосканини мразел риба. Ен Рајнд се грозела од салати. Оваа книга е истражување на светот на храната, но од страната на аверзиите кон неа.

Јазичка војна во Светската банка за едно „и“

„И“-кањето во текстови е показател на низок стил, трупање зборови за целата работа да делува по „барокно“, и да се каже нешто што може да се каже во неколку одделни реченици и да не се знаело за точка и уште ли има за набројување...Некој во Светска банка многу се изнервирал од ваквата епидемија на „и“ во службените извештаи, и решил да преземе чекори. 

Полска ја отстранува „непожелната“ литература

Повеќе од 80.000 книги од фундус кој се состои од 200.000 книги на заедничката библиотека на Факултетот за филозофија и социологија при Универзитетот во Варшава, Институтот за филозофија и социологија на Полската академија за науки и Полското филозофско друштво, ќе бидат отстранети. А тоа е исто како да се запалени.

Трагичната приказна за Леа Дајч - хрватското „чудо од дете“

Во вторник 30.5 со почеток во 17 часот во Менада ќе се оддржи промоција на македонскиот превод на романот на Миљенко Јерговиќ, „Рута Таненбаум“. Иако не се работи за биографија, книгата е инспирирана од приказната за девојче кое го нарекувале „чудо од дете“, а чиј живот завршил трагично на само 16 години. Која била Леа Дајч?

Последниот бастион на предрасудите - зборувањето на дијалект

Замислете водител кој најавува авторитет од областа на меѓународната политика, кој треба да го објасни најновиот развој на настаните на линија Блиски Исток - САД. И замислете го како тој ја започнува својата анализа со - „Еми, пули сега вака..“. Нели веднаш ќе помислите дека е некој нов скеч на „Фчерашни“?

Босанската севдалинка што ја има напишано Германец од 19 век

На концертот на Дамир Имамовиќ во Скопје оддржан вчера (25.05), тој како автор на стиховите на една од песните го наведе, ни помалку ни повеќе, туку славниот германски поет Хајнрих Хајне! Потоа почна да ја свири „Азра“ (Крај танана шадрвана), на изненадување на мнозинството во салата, на кое ни на крај памет до сега не му било дека таа не е „асли“ босанска. Која е приказната за оваа песна?

Стиховите и музиката на Моли Дрејк, мајка на прерано починатиот Ник Дрејк

Утре (26.5) излегува нов албум на британската фолк група The Unthanks, целосно посветен на песните и музиката на Моли Дрејк, мајката на прерано починатиот и нам драг Ник. Тоа е повод за потсетување на животот на оваа жена, која умрела дваесет години по самоубиството на нејзинот син. На нејзиниот гроб како епитаф стои стих од негова песна.

Миљенко Јерговиќ: „Пишувањето го спасува светот“

Толку пати сме пишувале за него, или сме преведувале негови текстови, што е од оние за кои сме сигурни дека „нема потреба од посебно претставување“. Меѓу најпродуктивните, и воедно најдобри писатели од јужнословенскиот писателски табор, од 28-30.5 ќе можеме да го нагостиме во Скопје, и барем малку да му се оддолжиме за сите книжевни гоштевања со кои тој нè удостоил низ годините.

Лизгава историја на путерот

Од скромно сточарско потекло до кулинарска ѕвезда - вака би можела да гласи една богата историја на путерот. Токму тoa e и насловот на книгата за вистинскиот „шеф“ во кујните на познатите шефови.

Опасностите од читање во кревет

Во 18-вековна Европа оваа пракса се сметала за опасна по живот и по личниот и колективниот имот, но најмногу по владеачкиот морал. А последново нема врска со свеќите.

Eсеј за садењето

Не посадив хектар тутун, дури ни парцела пченка. Мојот „плантажер“ е само метро и пол на метро. Па сепак, доволно за да претставува еден мал свет, со големи амбиции.

Стриптастик: илустрирана книга за тоа што значи да заработуваш од стриптиз

Стрип-албум за стриперската професија, направен врз основа на изјави на 300 соговорнички од бизнисот, а издадена со пари собрани преку кампања на Кикстартер. 

Tвин Пикс: вистинското убиство кое ја инспирираше култната серија

Џуџиња што играат, жени што шетаат наоколу со цепаница во рацете, пити со цреши, тину-нину музика и надреални сценографии - сето ова беше дел од атмосферата на „Твин пикс“, онаква каква што ја знаевме од 1990-тите. На само неколку денови пред премиерата на новите епизоди, во рамки на Канскиот фестивал, за една неразрешена мистерија која послужила како инспирација за приказната.

70-то издание на Kaнскиот фестивал - контроверзи и очекувања

Вчера се отвори Канскиот филмски фестивал, кој ќе се одржи од 17-28 мај. Претседател на жирито оваа година е Алмодовар, а во него, соочен со презир на европските филмофили, членува и Вил Смит. Моника Белучи го водеше отварањето, а дел од нејзиниот настап беше залапувањето на сцена со францускиот колега, комичарот Алекс Луц. И ова е само почеток.

„Вештерката Агнеси“ - како погрешен превод довел до необично име на математички концепт

Се работи за крива, која и денес се користи во математика и статистика, а нема врска со никаква вештерка, туку само со погрешен превод.

Нов документарец за човекот кој само еднаш го играл 007

Џорџ Лejзенби не е баш име кое некој од нас го поврзува со улогата на 007. Но тој си е самиот виновен - по првиот снимен филм одбил милионски договор за уште шест продолженија, затоа што некој го советувал дека „со Бонд е завршено“.

Кога аутистичен актер игра аутист

Не е ок (велат) кога поединци кои не се „транс“ играат такви улоги. Не е ок (велат) кога бел актер игра небелечки улоги. Конечно е ок тоа што некој кој знае како е да си аутистичен ќе игра ист таков лик, прв пат на професионална театарска сцена.

Од бестселери до книги што никој (веќе) не ги сака

Една хуманитарна организација во Британија ги замоли луѓето да престанат да ја донираат „Кодот на да Винчи“ затоа што имале премногу примероци од неа. Такви книги, кои речиси преку ноќ стануваат од најбарани до најраздавани, има многу.

„Никој од никаде“ (Un illustre inconnu, 2014)

Матју Касовиц го памтиме од „Амели Пулен“, од „Амин“ на Коста Гаврас или „Минхен“ на Стивен Спилберг. Го знаеме и како сценарист и режисер на суровиот „Омраза“ со Винсент Касел. Ама во овој филм тој има тешка задача - да игра некој кој е никој и ништо.