Bookbox

Кога воздухот станува посвеж, хризантемата одбива да ја прифати промената на сезоната. Раскошна, со густо наредени ливчиња во бои од бела и жолта до бронзена, лила и темноцрвена, таа ги разубавува градините токму кога повеќето други растенија веќе се подготвуваат за зимскиот одмор. Но, таа не е само есенски украс. Нејзината приказна трае повеќе од три илјади години и ги поврзува древната медицина, царските дворови и различните културни претстави за животот и смртта.

Цело време мислевме дека станува збор за турцизам. Ама името да ти доаѓало од шкотскиот инженер Џон Лаудон Мекaдам, кој осмислил поевтин и потраен начин за изградба на патишта, поставувајќи ги темелите на технологијата што подоцна ќе доведе до современите асфалтни коловози.

Бесрамноста како извор на политичка моќ

Отпорот да се биде прифатен од другите може да стане извор на политичка моќ. Социјалните мрежи овозможуваат постојано следење на јавното однесување: секоја изјава може да биде извадена од контекст, осудена и искористена против оној што ја дал. Стравот од нарушување на сопствениот углед ги тера луѓето да се самоцензурираат, да избегнуваат чувствителни теми и да ги приспособуваат своите ставови на она што се смета за општествено прифатливо. 

Кога лондонските улични светилки служеле кафе, чај и „течно говедско“

Многу пред автоматите за кафе и „паметните“ градови, Лондон експериментирал со улични светилки што, покрај осветлувањето, нуделе топли пијалаци, цигари, разгледници, па дури и директна телеграфска врска со Скотланд Јард.

„Читајте!“ - би имала ли ефект ваква кампања кај нас?

Од Бил Козби и Опра Винфри до Даниел Редклиф и Стивен Хокинг – повеќе од 180 познати личности позирале со омилената книга во раце, во кампања на Американското здружение на библиотекари што трае веќе четврт век, а која порачува нешто едноставно: читајте.

Оливера, Калина, Јана: три книги од македонски авторки

Пред некое време во рубрикава промовиравме четири книги, од четворица машки автори. Како што беше ветено, сега се на ред жените.

Достоевски „раскажан“ низ архитектура

Како би изгледал расказот на Достоевски, „Бели ноќи“, доколку тој би бил архитектонски проект? Би бил висококатница од чиј врв, барем за миг, би можеле да го сведочиме последниот сончев зрак пред осаменоста на самракот. 

Даниел Деј Луис го напушта актерството

Вакви негови изјави додуша имаше и претходно, и се однесуваа на подолги, неколкугодишни паузи помеѓу проекти. Ама сега изгледа е за стално.

Парламентарците на Макрон како да се ликови од книги

Во неделата партијата на францускиот претседател постигна голема победа на парламентарните избори. Еден од неговите адути - кандидати кои собрани на куп, делуваат како ликови од некој необичен француски роман.

По 46 години Јоко Оно стана ко-автор на „Замисли“

Aмериканската асоцијација на музички издавачи, на свеченоста оддржана во Њујорк по повод 100 години од нејзиното постоење, ја прогласи Оно за ко-автор на хитот на Ленон од 1971, Imagine.

Начинот на којшто црташ круг кажува нешто за културата од која потекнуваш

За почеток, на лист хартија или во мислите нацртајте круг. Почнавте од врвот или од долу? Се движевте во правец на часовникот или спротивно од него? Веројатно никој од нас не размислува додека ги прави овие движења. Но собраните податоци од кругоцртачи низ светот покажува дека токму оваа активност содржи важни информации.

Дигитално реставрирани 100 години старите четки на Мунк

Адоби го најави „Тајни богатства на креативноста“, прв проект од ваков вид кој за почеток дигитално ќе ги рекреира над еден век старите четки на Едвард Мунк, со надеж дека ќе инспирира нови генерации мајстори-сликари.

Дали нобеловиот говор на Дилан е всушност плагијат?

Од 78 реченици во говорот кој беше снимен само аудио, без да биде дозволено објавување официјална транскрипција, десетина се речиси целосно препишани. Ама не од друг Нобеловец туку од сајт на кој има кратки содржини на лектири за учениците да не мора да читаат. Нам ни изгледа дека Боб (пак) малку ги заеба Швеѓаните.

Мишки и дињи: мирисно читање на Џејмс Џојс

На денот кога традиционално се чествува Џојс низ светот, за неговиот однос кон сетилото за мирис, кое е само „канал“ за филозофско разгледување на теми поврзани со општеството, сексуалноста и смртта. Внимание за почувствителните: текстот труе на пот, усмрдена риба, ама и на слатки дињи. 

Израелскиот автор Дaвид Гросман добитник на Меѓународната Букерова награда за 2017

Романот „Коњ влегува во бар“ е втор по ред кој ја добива Меѓународната Букерова награда по промената на пропозициите вo 2016, кои подразбираат братско-сестринска делба помеѓу авторот и преведувачот на неговото дело на англиски.

Уметници садат овошни дрвја за поубави (и поздрави) градови

„Паднати овошки“ (Fallen Fruit) е уметнички колектив чии членови садат овошки во јавни простори за секој да може да си набере од нив. Освен што се овошни „оази“ среде урбаните средини, тие се и убави уметнички инсталации.

Најголемиот трол на Трамп на Твитер: речник на англиски јазик

Можете да замислите ситуација во која наши лингвисти, преку профил на Речникот на македонскиот јазик, на социјални мрежи ги корегираат политичарите низ поучни но и комични постови? Ни ние. Ама некои други лингвисти го искористија моментот за да поделат по некоја лекција.

Нов проект на Инариту: виртуелна реалност која симулира како е да се биде бегалец

Aлехандро Гонзалес Инариту, прв Мексиканец кој беше номиниран за Оскар (за „Вавилон“ во 2007), подоцна доби два, за „Човекот-птица“ и за „Повратникот“. Сега има нов проект, кој не е (само) филмски.

Најконзервативната христијанска заедница во САД издаде родово-неутрално Свето писмо

Јужните баптисти, најголемата протестантска деноминација во САД и истовремено едни од најконзервативната христијанска заедница во оваа земја, со децении проповедаа буквални пристапи кон Библијата. Но нивниот неодамнешен превод покажува дека и кај нив ставовите почнуваат да се менуваат.

Мачорот што стана автор на стручен текст од физика

Не знаеме што е поневеројатно за повеќето од нас, дали одеднаш да станеме мачка, или да објавиме текст во престижно списание од областа на физиката. До сега овие две работи комбинирано му успеало само на едно суштество на четири нозе, со девет животи.

„Тампопо“ (Глуварче, 1985)

Што се случува кога ќе се спојат јапонска комедија, филозофија и еротика со храна? Откачен филм после кој сигурно ќе почнете да пребарувате рецепти за „рамен“.

150 години од раѓањето на Френк Лојд Рајт

Роден на 8 јуни 1867, Рајт е еден од највлијателните архитекти на 20 век, радикален дизајнер отворен за нови технологии, но и оригинален теоретичар кој ги спојува природата, урбаното планирање и социјалната политика. Одбележувајќи век и пол од неговото раѓање њујоршкиот МоМА ја отвори изложбата Лојд Рајт на 150: распакување на архивата.

Познати кражби на книги

Од сите работи кои можат да се украдат, криумчарат, продадат, книгите некако не се првите на кои човек би помислил. А сепак вакви случаи не само што имало туку има и денес, а во игра најчесто се и големи пари, и интерес за она што се води како „исчезнато“ од страна на академските кругови.

Чистачот кој собирајќи книги по контејнери отворил библиотека

Човекот се вика Хозе Алберто Гутиерез и е чистач од Богота, Колумбија. Има завршено само основно, но неговата библиотека содржи повеќе од 20,000 фрлени книги.

Eкстремите на политичката коректност: кога инспирацијата се толкува како кражба

Ако успешен македонски уметник прави филигран или креира облека инспириран од локалната традиција, тоа се смета за промовирање на истата. Кога тоа го прави (не-домороден) канадски уметник, тогаш тоа е расизам, плагијат, кражба. Можна ли е уметност во такви услови?

Kaко да научиш да пишуваш како најдобрите? Прекуцај ги.

Една од најголемите инспирации на Хантер С. Томпсон додека ја пишувал „Страв и треперење во Лас Вегас“ била „Големиот Гетсби“ на Фицџералд. За да се внесе во процесот на работа на авторот кого го почитувал, тој сакал да почувствува како е и физички да ги куцаш истите зборови.

Дилан конечно го одржа говорот по повод добивањето на Нобеловата

Од октомври 2016 па наваму Нобеловиот комитет сигурно сто пати зажали што му ја додели престижната награда на човек што прави сè за да им покаже на тоа Швеѓаните дека ич не му чуе за ваквите почести, ама на еден џентлменски начин, како што и доликува на „стара коска“. И да им ги земе парите.

За кого ѕвецкаат епруветите?: научниците со лесно сронлив бисер

Koмуникацијата или недостатокот од истата помеѓу научниците и „обичното граѓанство“ е тема која може да се разгледува од „врвот“, или од „долу“. Ама секако знае да биде „дно“.

Не, „Стен“ на Еминем не влезе во Оксфордскиот речник

Неодамна медиумите, па и нашите, ја пренесоа веста дека термин кој потекнува од песна на Еминем „сега и официјално е внесен во ОР на англискиот јазик“. Но во ова има неколку проблеми.