Прво мислевме дека му се резултат на ослабени нерви од преговорите. После сфативме дека, дури и да почнала така, целата работа преминува во за наши услови нов жанр поп-дипломатија. Едни ова го толкуваат како крајно досетлива форма, која овозможува преку тие дифолтно слатки суштества без влакна на јазикот да се пренесат отворени и директни пораки, кои инаку не би можеле да се соопштат со стандардните дипломатски изразни средства; други пак ја доживуваат како омаловажувачки дилетантизам на некој хонорарен јабанџија, кој ги исмева предизвиците со кои се соочуваме.
За ваква работа сепак, освен откаченост, треба и малку писателски талент - не е мачка лик од македонска драма па да ѝ ставаш секакви реплики в уста. „Писател и поет" пишува на Твитер профилот на Ванхуте, иако ни требаше доста време да пронајдеме што е точно тоа што го напишал и објавил во сферата на „убавата книжевност".
И ископавме - во 2010 тој објавил роман, кој самиот жанровски го определил како „визионерски трилер", под наслов „Клучот од парламентот". Книгата е на холандски, па онолку колку што можевме да разбереме се работи за мешавина на љубовна со политички обоена приказна, која како што пишува на задната корица „го критикува индивидуалистичкото општество, кое знае за луксуз, но не и за длабочина".
Дејството се одвива во блиска иднина, во која преовладуваат бизнис интересите, од „демократија" нема останато ни Д, а главни играчи на политичката сцена, барем во Европа, се - жените. Главен лик е Ан Лерниер, која ја користи врската со Претседателот на белгискиот парламент, извесен Чарлс, да стане негов заменик. Во 2025 таа лобира и успева да избутка одлука за финансирање на бунтовнички групи во бивша белгиска колонија, која четириесет години подоцна се покажува како лоша идеја, од која таа се срами.
„Одлуките кои ги донеле овие луѓе играат улога во нашето сфаќање за политиката и демократијата. Му оставам на читателот и на историјата да просудат дали тие биле исправни или не", вели авторот, повторно со воспитен тон кон неговите колеги-политичари. Можеби од неговото македонско искуство ќе произлезе нова книга, на пример графичка новела со мачки?
Освен желбата за здравје и успех во неговата понатамошна политичко-писателска кариера, имаме само едно барање до него: