Ова беше само втор пат од 1940, кога била воспоставена ваква категорија, во неа да има анимација. Се работи за „Последен ден слобода", приказна за бил Бабит, човек кој го пријавува сопствениот брат за убиство, а го прави тоа со надеж дека полицијата ќе му помогне на брат му да се излечи од пост-трауматичното пореметување, од кое страда откако се вратил од војната во Виетнам. Ова е раскажано низ повеќе од 30,000 цртежи, повеќето црно-бели, од авторите Ди Хиберт-Џонс и Номи Талисман, двајца уметници од северна Калифорнија.
Ова е нивниот прв филм, и тие на почетокот се чувствувале прилично несигурни на теренот на овој жанр, иако дефинитивно биле сигурни дека знаат да цртаат. Филмот е збир на интервјуа со луѓе кои се обидуваат да си го најдат патот низ американскиот судски систем, а користењето цртежи на авторите им дал повеќе можности за раскажување.
„Можевме а ги користиме метафорите, да бидеме покреативни. А сепак да го портретираме главниот лик на начин којшто е вистинит", велат тие.
Најпрвин биле направени сники со Бил Бабит, а потоа тие биле искористени како основа за цртежите. Во филмот тој објаснува што се случило со неговиот помлад брат, Мани, кога тој се вратил од служење војска во Виетнам - бил „ментално и морално осакатен", подоцна дијагностициран со параноидна шизофренија. Пресвртот се случил кога Бил му нашол во џебот запалка со иницијали на жена која неодамна била убиена. По кратко размислување, со мисла дека тоа ќе му помогне на брат му и ќе го спречи тој да убие и некој друг, отишол во полиција и го пријавил. Осум години по ова тој не може да си прости за оваа постапка, бидејќи наместо Мани да ја добие потребната помош, тој бил осуден на смртна казна и на 4-ти мај 1999 бил егзекутиран во гасна комора.
Судот никогаш не ги зел предвид сите психички потешкотии со кои тој се соочувал, ниту пак некој во текот на судењето објаснил што точно значи пост-трауматското пореметување. Ова искуство го трансформирало Бил, од поддржувач на смртната казна, во нејзин остар противник. Истовремено додека течеше доделувањето на Оскарот тој беше во Лос Анѓелес за да одржи едно од неговите предавања на оваа тема.
Трејлер за филмот