Валкано место

Aко Македонија е „папокот на светот", ова го има во неа

Фотографката Џоана Рику (Joana Ricou) во соработка со неколкумина биолози прави валкани слики. Не, на нив нема ни кинки секс, ни голотија. Има - нечистотија од папокот.

Ова на фотографијата е „портрет" на еден папок, дел од серија наречена „Нечовечки субјективности". Повеќе од 400 волонтери ѝ донирале „материјал" на Рику од нивните папоци, кој на овој начин се претвора во насликан микробиом. Тој е различен за секој човек, исто како што се различни и отпечатоците од нашите прсти.

„Папокот, биолошки и симболички, ја симболизира уникатноста на поединецот, и врската со раѓањето и нашите мајки", вели авторката.

Рику соработувала со биолозите Роб Дан и Холи Менингер од Универзитетот на Северна Каролина. Додека таа фотографирала, тие ја истражувале содржината на папоците, и таму нашле над 2,400 видови „флора" (главно бактерии), во просек по 67 на човек.

Вака претставен, низ научен јазик, папокот изгледа како легло на бљак! Но низ фотографска призма одма е друго. Камо да можеше истото да го кажеме (во еколошка и во ментална смисла) за земјата што кога сакаме да се пофалиме ја нарекуваме папокот на светот.

 

 

 

 

 

 

Ова е веројатно нашиот „портрет“:

24 февруари 2016 - 15:44