Bookbox

Фановите на „Хари Потер“ успеале да натераат инвеститорите на голем енергетски проект да ја променат трасата на подводен кабел, за тој да не минува низ местото на кое во филмот е погребан домашниот елф Доби. Значи измислен лик, ист таков гроб, а кабелот многу реален. За иронијата да биде поголема, тој сега поминува блиску до исто така прилично реален археолошки наод.

Еден човек седи пред шаховска табла. Наспроти него не е противник во оклоп, ниту некој старец или крал, туку скелетот на Смртта. Над нив некогаш стоела порака на шведски: „Ти задавам шах-мат“. Сцената е едноставна, речиси иронична, но нејзината порака е безмилосна: без оглед на тоа кој си и колку добро ја играш играта на животот, на крајот противникот секогаш го има последниот потег, без можност за реванш.

Букбокс гледанка: „Денот на разоткривањето“ или Спилберг, ти си?

Во поголемиот дел од 39-тиот игран филм на Спилберг единствени што разбираат што навистина се случува се два лика со натприродни способности, за кои и самите не знаат од каде им се. Ние до крајот останавме во онаа другата група, ем без посебни когнитивни вештини, ем посиромашни за два и пол часа. 

Бафалото од Судан: Димитар Башевски за тоа како било да си новинар пред 50 години

Не толку одамна, да си новинар-репортер од далечни дестинации наликувало на акционен филм, во кој главниот лик требало да се соочи со нешто повеќе од прес конференции, мејлови и соопштенија. Таква е и оваа приказна, за едно известување од Судан, кое е на граница на книжевност - полно сетилни впечатоци и ликови кои не се среќаваат во стерилните вести. Такво е, на граница на фикција, и затоа што до оригиналните материјали сега веќе е речиси невозможно да се дојде. Останува барем фрагменти да се спасат од заборавот.

Додадена уште една нота во најбавната композиција на светот

Во време кога сè се случува сè побрзо, во еден средновековен храм во Германија веќе четврт век се изведува најбавниот музички концерт во светот. Делото на авангардниот композитор Џон Кејџ е замислено да трае неверојатни 639 години, а секоја промена на акорд претставува вистински историски настан што привлекува посетители од целиот свет.

„Нрдлеска“ - нов вид театарска бурлеска

Нешто како фан фикција, ама во театар - бурлеската доживува ренесанса, но во нова форма, чија целна група се обожаватели на одреден филм или серија. Во Њујорк овој жанр е станат толку популарен, што во 2014 е организиран цел фестивал на „нрдлески“.

Без климатизери модерната економија не би постоела

Нова книга за најголемите изуми во историјата го објаснува револуционерното влијание врз економијата на 50 пронајдоци, меѓу кои ралото, бодликавата жица, хартиените банкноти и системите за климатизација.

„Приказната на слугинката“ не е предвидување - таа веќе се има случено

На овогодинешното доделување Еми, за многумина неочекувано, доминираше дистописката серија правена според роман на Маргарет Атвуд, која победи во пет од категориите. Често означувана како „научна фантастика“, таа е всушност спекулативна фикција, составена од работи кои историски веќе се имаат случено.

Нов јапонски тренд - правење домашни забави по западен терк

Јапонците сакаат да излегуваат со пријатели и да јадат по ресторани, но ретко канат луѓе дома. За земја којашто негува формалност во однесувањето, и во која просечниот стан е прилично мал по западни стандарди, ова е разбирливо. Ама таквата практика почнува да се менува.

Опасната историја на еден збор од англискиот

„Краен рок“ се употребува за датум или време до кое треба нешто да се заврши. На англиски - deadline - звучи многу позаканувачки. И навистина, историјата на зборот има врска со линија и умирачки.

Како највлијателниот јутјубер им прави услуга на радикалните десничари

Феликс Кјелберг, шведската јутјуб ѕвезда чиј прекар е ПјуДиПај, стана меѓународно познат со неговите видеа во кои игра игрици и ја критикува популарната култура. Додека и нашите деца го гледаат во хипнотички занес, политички влијателните алт-рајт тролови кои го поддржуваат преку него успеваат да допрат до огромен број млади луѓе.

„Бели луѓе“ е израз од 17 век?

Иако денес тоа ни изгледа очигледно, разликата помеѓу „белите“ и оние другите во расна смисла не постоела отсекогаш. Што е и некако логично знаејќи колку долго тие не доаѓале во допир. Концептот „бели луѓе“ всушност го измислил еден - белец.

100 години од "OMG!"

Колку и да звучи чудно, „О, леле Боже!“ (ОЛБ или OMG) не е измислено од некој роден во 2000-тите, или од твитерџија. Прв пат кратенката е употребена во септември 1917, во писмо упатено до Черчил.

Расказ за туѓата кожа

Веќе еден месец го чувам станот на Мила. Мал е, комотен како за еден човек, нов и со поглед кон Водно.

Џон Клиз: „Немам никаква надеж за иднината на човештвото“

„Живееме во доба на шупци. Тие раководат со сè’“, вели Клиз во ново интервју за Валчр, од кое пренесуваме делови.

Колку навистина се читаат политичките мемоари?

Вчера, 12.09, од печат излезе новата книга на Хилари Клинтон, „Што се случи“, која се однесува на последните претседателски избори во САД. Дали таа ќе влезе во пантеонот на големите политички мемоари или ќе биде уште една пост-политичка крава за молзење уште по некој долар, тоа е рано да се процени. Но она што е поинтересно е колку реално луѓето се интересираат за вакви изданија.

Вистинските бројки зад влијанието на владата на САД врз холивудската продукција

Нова книга покажува дека oткако постои американска кинематографија над 800 филмови биле видоизменети согласно барањата на американските владини агенции. И тоа е само дел од приказната.

Колку пати ракописот на Војнич ќе биде „конечно“ дешифриран?

На секои два-три месеца се појавува по некое ново тврдење за содржината на текст кој не е дешифриран со векови. Овој пат главни актери се еден историчар-аутсајдер и едно угледно книжевно списание. Спојлер: замислениот автор на кодираниот ракопис уште се смешка од некој ќош.

„Кралот на трутовите“: откриен нов расказ на Вонегат

Во 1950 Курт Вонегат напишал краток расказ кој никогаш не бил објавен. Повеќе од 60 години подоцна, уредници на нова збирка од негови дела го откриваат копајќи по стари документи. Неговиот наслов - „Кралот на трутовите“.

Невреме, молњи, суша, кал: природните појави и книжевноста

Со глобалното затоплување присуството на фиктивните (а толку реални) суши, урагани и поплави во книгите најверојатно ќе се зголеми. Еве од кои претходни дела кои зборуваат за временски (не)прилики би можеле да се инспирираат.

Како да визуелизираш звуци со ајфон?

Апликациите за аугментирана реалност главно се користат за комерцијални цели. Иако се скапа „играчка“, има и ентузијасти кои ја користат експериментално. Во овој случај за мапирање и визуелизација на звуци во простор. Следниот пат кога ќе ви дојде да му се издерете некому помислете како тоа изгледа, не метафорично, туку реално.

Македонските интелектуалци наспроти „простите“

Денес, кога славиме 26 бурни години независна Македонија, човек ќе си рече дека тоа е кратко време за градење на некакви цврсти колективни ставови кон што и да е. Но дека таков консензус по некои прашања сепак постои, и дека тие се и со многу подлабоки корени, покажува оваа народна приказна, чија експериментално изведена поука е: не биди глуп да бидеш интелектуалец. 

Облека за деца што „расте“ доби награда за најдобар студентски дизајн

Оние кои се доволно наивни (и богати) да купуваат купишта облека за мало дете, знаат колку брзо таа бива надрасната, и колку е поисплатливо да размениш или да позајмиш. Но еден нов дизајн ветува дека некоја идна облека ќе може да се носи дури четири детски години, затоа што нејзините димензии можат да се менуваат за шест броја.

Дали тролањето е зависност?

Да речеме дека се вика Мики. Иако во секојдневниот живот Мики не е некој мрчатор, тој не може да одолее да не се расправа за сè и сешто онлајн, од велосипедски патеки до исламофобија. Почнува да сфаќа дека нешто не е ок кога десетина луѓе го блокираат, меѓу кои и такви кои го знаат од мал. Што е со ваквите „микиевци“?

Зошто смртта на славна личност се доживува толку трагично?

На денешен ден пред дваесет години се одржа закопот на принцезата Дијана, чија смрт останува една од најкоментираните и најанализираните во историјата на славните личности. Од каде ваквата опсесија со прераното заминување на некој славен?

Уметничко-туристички проект за моќта на интернет препораките врз нашите одлуки

Една кампања за промоција на туристичките потенцијали на Нов Зеланд ја користи шемата на интернет препораките. Кој знае како би изгледал ваков билборд среде Мариово.

Авторката која си обезбеди место на бестселер листата на Њујорк Тајмс со тоа што самата си ги купи книгите

Неодамна Њујорк Тајмс објави необична корекција на една од неговите бестселер листи, која е резултат на се уште недоволно објаснета серија настани. Или некој е многу упатен во начинот на кој функционира системот и го злоупотребува, или...

Караваџо - сликарски гениј и криминалец

Да, бил еден од оние кои направиле револуционерни промени во уметноста. Но исто така бил и убиец, член на улична банда и неподнослив кираџија.

Да се помириме со време: нашите деца (ќе) гледаат порно на интернет

Минатата година посетителите на Порнхаб, најголемиот порно сајт на интернет, изгледале околу 92 милијарди секси видеа. Не дека во тоа има нешто лошо. Ама со такви бројки и со генералната достапност на ваквите содржини човек со мало дете се прашува - што кога тоа ќе ги открие ваквите сајтови? Ако тоа веќе не се случило...