Лани добитник беше Ери де Лука за пасус од книгата „Ден пред среќата“ со антологиската реченица „Нашите гениталии беа балерини кренати на прсти“. Оваа година метафората е уште подобра. То ест полоша.
„Си ги покрива градите со костимот за капење. Остатокот од неа останува откриен. Кожата долж рацете и рамениците ѝ се со различна нијанса исончаност, како дамки во када. Нејзиното лице и вагина се натпреваруваат за моето внимание, па погледнувам надолу кон штеката за билијард од мојот пенис и тестисите“.
Вака гласи добитничкиот пасус на авторот Болен, во која главниот лик, Иан, повторно за почнува врска со некогашната партнерка на грчкиот остров Патмос.
Иако ова звучи доволно лошо, меѓу оние кои влегоа во потесната конкуренција според нас има и позаслужни. Таков е романот „Воен повик“ на Вибур Смит, во кој постои следниов пасус:
„Ја доведе на делот од плажата каде песокот беше сув. Го соблече капутот, го стави на земјата и ја легна на него. ’Боже’, промрморе, ставајќи се врз неа. ’Кочан ладно е. Ќе ми смрзне стапот’. Таа се скина од смеење. ’Глупчо. Што не го ставиш на топло?’“
Најголем сеир годинава се фаќаше за дело на сер Џон Винсент Кејбл, британски политичкар кој е водач на Либералните демократи и член на Парламентот. Сепак, неговиот трилер не ја доби наградата, и покрај сочноста на приказната за гламурозна домаќинка која станува пратеничка и се вивнува во врвот на британската политика. Тој, наводно, не бил напишан „доволно лошо“, а сексот во него бил „многу дискретен“.