Романот се вика „Денот пред среќата“, а сцената-лауреат која го зашемети жирито вклучува сираче од Неапол и мистериозна жена која тој ја гледа од далеку, замислувајќи нивен телесен спој.
Подетално тоа звучи вака:
„Мојот к*р беше даска потпрена на нејзиниот стомак. Со замав на колковите, таа ме преврти и се најдов врз неа. Ги рашири нозете, го крена фустанот и, држејќи ми ги бедрата ме привлече кон нејзиниот отвор. Ѝ бев играчка која ја вртеше како што сака. Нашите гениталии беа подготвени, во очекување, едвај допирајќи се едни со други: балерини кренати на прсти".
Наградата беше доделена во лондонски клуб со соодветно име In&Out средата вечер во присуство на 400 гости. Де Лука бил нешто зафатен, па неа ја примил неговиот издавач.
Во најтесна конкуренција оваа година влегоа и следниве извадоци од британски романи:
„Самиот чин беше интензивен. Како кратка игра тенис или летна трка, нешто изведено среде бел ден помеѓу натпреварувачи. Евтиниот душек се тресеше“.
„Често таа готвеше егзотични јадења, ставаше чили или зачини во устата, и ги шмукаше додека ја подготвуваше храната“
„Закачена сум како влажен веш со неговиот алат“.
Лани наградата ја доби Морисеј за романот „Списокот на изгубените“, приказна за четворица тркачи од Бостон кои се проколнати од старец кој живее во шумата. Во наградената сцена главниот лик се тркалаше „како кикотлива снежна топка на целосна копулација“.