За новиот роман на Морисеј, „Списокот на изгубените" пишувавме веднаш штом излезе. Тогаш предвидовме дека критичарот на Гардијан кој ја нарече „неполирано срање од книга" би можел да го добие „Секирчето на годината" за најостра критика. Но Морисеј го претекна, па тукушто доби една уште попрестижна награда - Bad Sex Award за 2015.
Романот на Морисеј раскажува приказна за четири тркачи од Бостон, кои се проколнати од старец кој живее во шумата. Во сцена со Езра, еден од тркачите, тој и неговата девојка се тркалаат „како кикотлива снежна топка на целосна копулација, со викање и урлање". Токму оваа реченица била одлучувачка за жирито, кое ја соопшти својата одлука вчера, 1.12, во лондонски клуб со симболично име „Внатре и надвор" (In&Out).
Во најтесна конкуренција за наградата влегоа и „Мартини шот" на Џорџ Пелеканос (сценаристот на The Wire) со реченицата „Се триев од неа додека не стана влажна како лизгалка на плажа"; „Книга на бројки" на Џошуа Коен („Нејзините цицки беа како млади пауни, ѕиркаа од високата трева") и „Пред, во текот и потоа" од Ричард Бауш („Кога го зема, уште малку млитав во нејзината уста, тој промрмори 'О, љубовничке!'").
Морисеј не присуствувал на церемонијата и не бил достапен за коментар. Можеби му е вака: