Bookbox

Драга Ѓаконовски-Шпато (1931-1987), основоположник на македонската забавна и џез музика, има улица во Дебар маало. Но до скоро немаше едно место на кое можеа да се најдат неговите попознати и помалку познати дела. Еден ентузијаст „сас своите десет прсти“ го направи тоа за нас. 

Филм кој е омаж на филмските професии, особено на актерите. Ова го покажува почетната сцена во која режисерот Родриго Сорогоjен ги ставил Хавиер Бардем и Викторија Луенго пред камера како татко и ќерка што одамна се отуѓиле, без притоа да ги запознае. Од таа непријатност — од обидот да се воспостави близина без однапред изградена актерска хемија — стигнал до поголемите теми на филмот.

Солта наша насушна

Ја користиме без да размислуваме за неа, но поради неа се граделе градови, се отворале рудници, се создавале трговски патишта и политички монополи. Изложбата „Сол: дизајнерска приказна“ во Музејот за дизајн во Атланта ја раскажува историјата на цивилизацијата преку еден од нејзините најобични, но и најважни материјали.

Букбокс гледанка: „Тензинг“ или приказната за шерпасот (2026)

Филмот на Џенифер Пидом ја враќа заслугата на Тензинг Норгај, алпинистот чие знаење за планината и извонредните вештини биле клучни за историското искачување на Монт Еверест во 1953 година. На моменти преромантичен и предвидлив, тој во себе сепак ја вклучува важната дискусија за британскиот (и секаквиот) империјализам и луѓето во сенка што ја овозможувале неговата моќ.

Од митолошките суштества до алармите - зошто се викаат „сирени“?

Врската меѓу античката митологија и модерниот аларм започнува со еден необичен научен инструмент од крајот на 18 и почетокот на 19 век.

Најзагрозениот звук на светот

Во свет кој никогаш не бил погласен, Гордон Хемптон поминал повеќе од 40 години зборувајќи за важноста на спасувањето на тишината. Ќе замолкне ли еднаш светот за да го, и за да ја слушне?

„Џепниот Херкул: Наим Сулејманоглу“ (2019)

Седумкратен шампион во кревање тегови и трикратен добитник на златен медал на Олимписките игри, тоа е еден од најславните спортисти на сите времиња. Ова е филм за неговите спортски достигнувања, но уште повеќе за премрежјата низ кои поминувал како припадник на турското малцинство во Бугарија.

Вино од змија, маринирано око од овца: музеј на гадна храна

Музеј во Берлин претставува повеќе од 90...ајде да ги наречеме...необични видови храна од целиот свет. Истите можат и да се пробаат.

Полека со метафорите: заболените од Ковид-19 не се „лепрозни“

Во текот на пандемијата беа потребни метафори за опишување на маргинализацијата на заболените. Една од нив се однесува на болест која денес е излечива.

„Вознемирени луѓе“ од Фредрик Бакман

Наближува Нова година. Во мал град во Шведска, еден разведен родител се соочува со својот најголем страв - да му биде одземено старателството над децата, бидејќи нема да плати кирија. Тука се раѓа една многу лоша идеја, која ќе спои неколкумина вознемирени луѓе.

Когa соло синхронизираното пливање било олимписки спорт

Да, добро прочитавте. Не бескраен ред на идентично облечени жени со штипки на носевите, кои прават слет во вода. Дури ни дуети, какви што има вообичаено на Олимписките игри. Туку една жена, синхронизирајќи се со самата себе.

Островот што предизвикал меѓународен конфликт и потоа - исчезнал

Во 1831 година сицилијански рибари забележале нешто чудно во Средоземното море. Најприн било големо колку карпа со дијаметар од 800м и 60 метри над морето. Многумина сметале дека тоа е само зачеток на цел нов континент. И се потепале да го преземат.

Суптилната уметност на „меката“ моќ

Новиот ирански филм. Јужно-корејскиот поп. Магијата на Холивуд. Сите тие можат да бидат примери за алтернативно политичко влијание, брендирајќи ги државите и нациите од коишто доаѓаат на начин кој би можел да обезбеди економска или културна „мека“ глобална моќ.

Приказната за парфемот „Црвена Москва“

Во нова книга, Карл Шлегел, германски историчар чија специјалност е Русија, го следи својот нос во потрага по приказната за „Краснаја Москва“, популарен советски парфем.

Лорд Монбодо - лингвистот кој шетал гол низ својот имот

Пионер на голем број модерни идеи, Џејмс Барнет или лорд Монбодо бил шкотски судија, филозоф и татко на модерната компаративна историска лингвистика. Истовремено бил ексцентрик кој верувал во вредноста на „воздушните бањи“ или проветрување на телото кое најдобро функционира без облека.

21 генерација, 690 години: проектот „Да Винчи“ за пронаоѓање потомци на генијот

Леонардо никогаш не се женел и немал деца. Но имал 22 полубраќа. Истражувачите се надеваат дека подобро ќе го разберат неговиот ренесансен ум со тоа што ќе пронајдат негови наследници. 

Тарантино објави дебитантски роман - „Беше еднаш во Холивуд“

Го гледавме филмот, а сега може и да го прочитаме романот, кој не е директен „превод“ на сценариото во книжевна форма туку е збогатен со нови сцени и ликови.

„Тангпинг“: кинеското контракултурно движење на намалени желби и очекувања

Нова контракултура во Кина ги отфрла динамичните и стресни работни места за да може да ужива во малите нешта. Партијата ги стигматизира како срамни примери.

Уметникот кој мина една недела во скулптура од самиот себе

За Абрахам Поаншевал сме пишувале и претходно, кога помина неколку дена вграден во карпа, кога квачеше јајца додека од нив не излезат пилиња и кога две недели седеше склопчен во стомак на препарирана мечка. Сега само што заврши негов нов „проект“, чија главна мистерија е - како одел во Ве-це?

„Рипче“ (Little Fish, 2021)

Љубовна приказна која се случува среде пандемија. На вирус кој предизвикува заборав.

„Театарски белешки“ од Владо Цветановски

Редок театролошки документ за начинот на работа на еден од најзначајните македонски режисери и театарски педагози. Увид во неговите најинтимни размислувања за предизвиците на 13 претстави на кои работел, со богат архивски материјал, кој на идните генерации режисери ќе им сигнализира колку сложена и одговорна е оваа професија, која всушност не се работи, туку се живее.

Од Сократ до Јода: што е тоа „ментор“?

„Ментор“ е искусен човек од доверба, без оглед дали станува збор за професионалец во некоја област или нечија баба. Односот на менторот со ученикот е двостран и подразбира одговорност на двете страни. А името доаѓа од Хомеровата „Одисеја“.

Контроверзите околу анестезијата - дали болката е неопходна?

Во 19 век, кога анестезијата почнала официјално да се применува при медицински интервенции, голем број доктори ја прифатиле. Но имало и критичари во медицинската заедница кои протестирале, со што започнала тн. контроверза на примената на етерот.

„Мислевме дека се духови додека не видовме како одат по нужда“: првиот контакт со белите луѓе

„Прв контакт“ е австралиски документарец од 1983, кој раскажува за навлегувањето на белите луѓе во неистражената внатрешност на Нова Гвинеја во 1930, каде живееле еден милион луѓе кои никогаш не виделе различни од нив. На моменти тој е пресмешен, на други трогателен.

Луѓе што можат да ве „превеслаат“ со муабет се поинтелигентни

Не дека оваа вештина не се учи, особено ако мислите да станете политичар или трговец (а ова често се сведува на исто). Но има луѓе што природно се подобри во смислување објаснувања на концепти, поточно знаат подобро да ве смуваат.

Нова книга: бизарни семиња и овошки од целиот свет

Фотографот Левон Бис го разоткрива неверојатниот свет на репродукцијата на растенијата.

До 2040 на Земјата ќе има повеќе бетон отколку жив свет

Во светот има толку многу бетон што наскоро тој ќе ги надмине сите живи материјали, вклучувајќи нè и нас. И покрај својата повремена убавина, обемот на неговото глобално распространување е загрижувачки.

Како едно африканско племе ги користи погрешно свртените броеви за пријателства и бизнис

Во текстот станува збор за номадски сточари од племето Масаи во источна Африка. Од нивната приказна можеби можеме нешто да научиме - да не викаме само „грешка сте“ и напрасно да спуштаме телефон на погрешен број.

Париската куртизана што мирисала на јастог и шампањ

Во архивата на париската полиција се чува дебел том со кожен повез, кој ги содржи досиеата на група жени наречени Les Insoumis - Бунтовнички. Меѓу нив и на една нагалено наречена „Каро“.