Лоциран во срцето на европските трговски патишта, островот кој во 1831 одеднаш се појавил во Медитеранот, иако мал и навидум безначаен, довел до меѓународни конфликти. Франција и Британија се натпреварувале со властите на Сицилија за сопственост над него. Овие караници траеле пет месеци, но како што дошол на површината, така островот повторно потонал. Така го добил името "L'isola che non c'è" (островот кој не е таму) илиа "L'isola che se ne andò" (островот кој си замина).
Овој месец се одбележуваат 190 години од неговата појава. Вулканолозите во меѓувреме детално го мапирале дното на коешто се појавила оваа краткотрајна „Атлантида“. Нивното толкување е поврзано со честите и страшни земјотреси во оваа област, како резултат меѓу другото на активноста на вулканот Етна, чии две големи ерупции во 12-тиот и во 17-тиот век довеле до смрт на десетици илјади луѓе.
Но без модерното разбирање на сеизмологијата, сицилиското население создало богата митологија за објаснување на трагичните настани. Според една од нив, порано живеел некој млад рибар, Кола, кој бил славен по својата способност да остане под вода долго време, со што го заработил прекарот Кола Рибата. Кога слушнал за неговите таленти, кралот го предизвикал да извади бројни предмети од дното на морето. При една таква експедиција рибарот открил дека еден од столбовите кои наводно го потпирале островот бил оштетен од ерупција на Етна. За да ја спаси Сицилија од тонење, тој си земал за задача да го поправи. Според народните легенди тој сега на секои сто години повторно изнурнува од водата, и токму овие негови појавувања се извор на земјотреси.
Но ерупции можат да се случат и под водата, а магмата се поткрева создавајќи привремени „копна“ од магма која по ерупцијата се лади и кристализира формирајќи цврста карпа.
Ерупцијата во 1831 кога е регистрирана појавата на мистериозниот остров се случила во турбулентен период во историјата на Сицилија. Италија се уште не постоела како обединета територија, а островот Сицилија бил дел од тогаш најголемата држава која го покривала југот на полуостровот и го вклучувала Наполи. Тој порано бил познат како Сицилија, со што државата била наречена Кралство на двете Сицилии, и било водено од кралот Фердинанд Втори кој стапил на тронот во ноември 1830.
Новиот крал не бил прифатен од сите, и до 1831 некои јавни личности веќе ковале заговор против него. Истовремено, населението се соочувало со закана од колера, за што немало проверен лек. Среде сето ова, појавата на нов остров на југозападниот брег на Сицилија изгледало нешто што го одвратило вниманието на просечниот граѓанин. Но заинтересиран бил и кралот - позицијата на островот била многу поволна во време кога не постоел Суецкиот канал, и кога токму таму поминувале патиштата за Блискиот Исток.
Кралството на двете Сицилии имало најприродно право на островот, меѓу другото и затоа што тој бил во близина на друг сличен вулкански остров во негова сопственост, наречен Фердинандеа, според кралот.
За несреќа на Сицилијанците, англиските морнари тврделе дека бил првите кои стапнале на новоформираното копно. Го нарекле terra nullius - копно слободно за окупирање и го поставиле своето знаме. Му дале име Греам, по адмиралот сер Џејмс Греам кој додуша никогаш не стигнал да го посети.
Причината за ова било што од јули до септември островот почнал да се намалува. Од 60 метри височина се намалил на 18. Во октомври веќе бил висок само неколку метри. На крај, помеѓу декември 1831 и јануари 1832, целосно исчезнал. Интересно е што за цело ова време, и покрај очигледното „ништо“ за коешто се расправале, и Сицилија и Британија, а богами и Франција, не попуштале со караниците.
Тој меѓутоа не бил инспирација само за политички кавги, туку и за уметнички дела. Жил Верн дознал за приказната бидејќи таа била многу популарна помеѓу геолозите во Франција. Него го искористил како острово со богатство во романот „Капетан Антифер“, а можно е „Недојдија“ на Бари, домот на Петар Пан, да е исто така инспирирана од „островот кој не бил таму“. До денес жителите на Сицилија веруваат дека еден ден, заедно со Кола Рибата, и тој ќе повторно се појави на површината.