Здравствените работници повикуваат на внимателност со терминот „лепрозен“, велејќи дека јазикот кој често се користи од политичарите и од медиумите во текот на пандемијата ги дискриминира оние болни од оваа болест, која денес може да се третира.
Метафората за социјално изолираниот „лепрозен“ е често користена во последно време, особено поврзана со стигмата врз раните пациенти од Ковид-19, како и oд страна на политичари во Италија и Бразил. „Најпрвин карантин, сега дигитални ѕвона за лепрозни“ беше описот на апликациите за Ковид-19 кои ги алармираа контактите на заболените, некаде на почетокот на нивното појавување. Споредбата е со посебното ѕвоно или клепало кое го носеле болните во средниот век со кои ги известувале за нивното присуство или пак барале милостина.
Парадоксално, сакајќи да се опишат маките на дискриминацијата поради Ковид, се дискримира друго население, кое било маргинализирано и пред пандемијата. Ним им се ускратува тестирање, третман и вакцини. Но поважно е што глобалната свест за болеста на е доволно висока - таа обично се поврзува со средниот век, но се уште постои низ светот. Според СЗО, во 2019 имало повеќе од 200.000 случаи регистрирани во 161 земја.
Лепрата, за разлика од Ковид, ја предизвикува бактерија која се шири преку капки, но многу бавно, така што можат да поминат години пред да се појават првите симптоми. Сериозните последици можат да бидат одбегнати ако болеста се третира брзо, но голем број од овие програми низ светот се соочуваат со недостаток на вакви програми и лекарства. Тоа што соопштените бројки на дијагностицирани случаи во последнава година се намалени за 50% не мора да значи дека лепрата навистина исчезнува, туку дека се потфрла со нејзиното дијагностицирање.