Bookbox

Родниот град на легендарната четворка ќе добие нова, oгромна туристичка атракција посветена на бендот. Проектот ќе ги оживее клучните места од историјата на Битлси, од нивното детство во Ливерпул до концертите во Хамбург, Лондон и Њујорк.

Отпорот да се биде прифатен од другите може да стане извор на политичка моќ. Социјалните мрежи овозможуваат постојано следење на јавното однесување: секоја изјава може да биде извадена од контекст, осудена и искористена против оној што ја дал. Стравот од нарушување на сопствениот углед ги тера луѓето да се самоцензурираат, да избегнуваат чувствителни теми и да ги приспособуваат своите ставови на она што се смета за општествено прифатливо. 

„Читајте!“ - би имала ли ефект ваква кампања кај нас?

Од Бил Козби и Опра Винфри до Даниел Редклиф и Стивен Хокинг – повеќе од 180 познати личности позирале со омилената книга во раце, во кампања на Американското здружение на библиотекари што трае веќе четврт век, а која порачува нешто едноставно: читајте.

Шпато: човекот што изработи дигитален каталог на неговите дела

Драга Ѓаконовски-Шпато (1931-1987), основоположник на македонската забавна и џез музика, има улица во Дебар маало. Но до скоро немаше едно место на кое можеа да се најдат неговите попознати и помалку познати дела. Еден ентузијаст „сас своите десет прсти“ го направи тоа за нас. 

Букбокс гледаше: „Саканиот“ (2026) или кога со скриени камери ќе ја снимиш првата средба на актерите кои добиле различно сценарио

Филм кој е омаж на филмските професии, особено на актерите. Ова го покажува почетната сцена во која режисерот Родриго Сорогоjен ги ставил Хавиер Бардем и Викторија Луенго пред камера како татко и ќерка што одамна се отуѓиле, без притоа да ги запознае. Од таа непријатност — од обидот да се воспостави близина без однапред изградена актерска хемија — стигнал до поголемите теми на филмот.

Ласло Краснахоркаи: „Бев ноќен чувар за 300 крави“

Еден од најдобрите унгарски писатели на сите времиња, чии дела се преточени во филм од подеднакво славниот Бела Тар, денес живее во Берлин - а во 90-тите живеел во станот на Ален Гинзберг во Њујорк. Неговиот соговорник го опишува со зборовите „благ светец преполн грижа за животните“. Додека шетале наоколу во Кројцберг, правејќи го интервјуто што го пренесуваме, писателот му го позајмил својот џемпер кога станало ладно, му купил збирка поезија и му кажал што музика да слуша. 

Расказот на Милорад Павиќ за измислениот македонски писател Гане Сотироски

До 2007 делата на славниот српски книжевник, најпознат по „Хазарскиот речник“, се преведени на триесетина светски јазици. Во знак на благодарност, тој истата година објавува збирка во која секој расказ е напишан од еден замислен преведувач. Тие се кратки и се однесуваат на она што е добро во литературата на народот од каде доаѓа наводниот преведувач-писател, и што е она што Павиќ смета дека може повеќе да се нагласи, за да биде уште подобро. Има и расказ од, и за Македонија.

Направени сме да работиме, ама не вака

Есента 1963, младиот антрополог Ричард Ли отпатувал во пустината Калахари со намера да живее во заедницата која броела неколку стотини луѓе, во подрачје кое редовно страдало од суша, на територија што никој не ја сакал. Тоа направило тамошните да зависат од собирање и лов, за што се мислело дека е исцрпувачка работа. Ли сакал да провери дали тоа е вистина. Денес, неговите сознанија можат да помогнат во разбирањето на фрустрациите на современите канцелариски работници, особено во големите компании, каде нема инстантно видлив резултат од она што се „собрало“ или „уловило“.  

Хелиогабал: малку познатиот римски император кому Калигула можел вода да му носи

За оние кои уживаат во приказните за блуд и разврат во стариот Рим: запознајте го лудиот император за кого Калигура и Нерон се мали деца. Во четирите години додека бил на власт го викале и „женско петле“ и „силувач на девици“ и „Тибериски“ затоа што, откако му го распарчиле, телото му го фрлиле во реката Тибар. Име му е Хелиогабал.  

Вистинската приказна зад „Жената-крал“

Новиот филм со Виола Дејвис како водач на Агоџи, армијата „амазонки“ од африканското кралство Дахомеј, и покрај холивудскиот дизајн, всушност е базиран на историски податоци помешани со легенди.

Најновата книга на Ник Хорнби ги поврзува Дикенс и - Принс

Двајца уметници од различни векови чие спомнување во иста реченица (во случајов во наслов на книга) предизвикува чудење. Но освен што Хорнби ги спојува поради тоа што обајцата го инспирирале, тие можеби имаат повеќе заеднички нешта отколку што тоа изгледа на прв поглед.

Mузеј на „новиот бран“ во Загреб

Замислен е како омаж на „Азра“, „Хуастор“, „Филм“ и другите бендови од 1980-тите. Музејот на новиот бран беше отворен на 4 ноември и се наоѓа во двор во Влашка улица во Загреб, во самиот центар на градот. Пред него стои паркиран „стојадин“, кој служи и како шанк.

И вие ставате титл кога гледате филмови и серии?

Прво мислевме дека е нешто до нашиот слух и концентрација. После испадна дека многумина кои знаат доволно англиски сепак ставаат титл на филмови и серии. Што е проблемот?

Човекојадецот од Колорадо

Регионот Сан Хуан во југозападно Колорадо во 19 век бил познат по своите сурови зими. Тие можеле да траат и до девет месеци, а длабокиот снег го оневозможувал патувањето. И покрај ова, богатството со злато и сребро привлекувало многумина кои за грст долари решавале да се изложат на опасноста. Но веројатно ниту еден од нив не очекувал дека може да биде изеден, и тоа од друг човек.

Како пластиката го променила пазарот на детски играчки

Втората светска војна поттикнала бројни изуми кои ќе влијаат врз начинот на живот на Американците и во следните неколку децении - масовно произведуваниот пеницилин, ужасната атомска бомба. Но, иронично, мал број индустрии од тоа време биле толку длабоко повлијаени од војната во споредба со бизнисот со играчки.

Многу пред Киндл имало еден необичен читач на книги

Во 2004 излезе Сони Либри, првиот е-читач кој користеше тогаш модерен електронски екран кој имитира хартија. Колку и да изгледа ова дамнешно во технолошки години, основната идеја на апарат кој може да се држи во рака, а да собира големо количество текст, всушност датира од пред осум децении.

100 години од пронаоѓањето на гробот на Тутанкамон: како духот на фараонот станал популарен на спиритуалистичките сеанси

Овој месец се навршува еден век од откритието на гробот на египетскиот фараон, момчето-крал кое владеело во 14 век пред наша ера. Тоа покренало голем интерес, и тоа не само од археолозите, историчарите и новинарите, туку и од спиритуалистите.

Професорката која среде состанок убила тројца свои колеги

На денот на пукањето, Ејми Бишоп држела предавања по анатомија и невронаука. Еден од студентите изјавил дека изгледала „совршено нормална“. По само неколку часа, извадила пиштол среде состанок со колегите, пукала во шестмина и убила тројца. Иако најпрвин изгледало дека таа не се вклопува во профилот на масовен убиец, подоцна искрснале и дотогаш непознати информации. 

Чуму?: како потрагата по математички вистини може да доведе до бескорисни научни предвидувања

Доминантното сфаќање на нештата е дека универзумот функционира врз основа на комплексни математички вистини, чие откривање би можело да се преведе во математички модели. Врз основа на нив, пак, компјутерите би ни понудиле корисни информации за тоа како „работи“ светот. Е да, ама не.

Арсениј Аврамов: заборавениот советски гениј на модерната музика

На денешен ден, пред сто години, едно исклучително дело извршило музичка револуција. Тогаш, зошто неговиот композитор-визионер бил заборавен со децении?

Кога Англичаните биле опседнати со берење папрат

Звучи како име на период од времето на диносаурусите - птеридоманија. Всушност, станува збор за една необична опседнатост со берење растение кое не е ни лековито, ниту пак нешто особено атрактивно. Па сепак, во 19 век немало куќа во Англија без барем неколку саксии од него.

Кажи ми кој е зборот на годината, ќе ти кажам како живееш

„Пермакриза“ - збор кој опишува чувство на живеење низ период на војна, инфлација и политичка нестабилност е одбран за збор на 2022 од страна на речникот на англиски јазик Колинс.

Дали можеби имате отровни книги во вашата библиотека?

Не се мисли на метафорично „токсични“ содржини кои можат да манипулираат со човечкиот ум. Ова се физички книги кои содржат отровни суптанци, а кои еден проект се обидува да ги регистрира, за да им помогне на библиотекарите, конзерваторите и читателите безбедно да ракуваат со нив.

Сенишната радио станица која нема сопственик

Среде руска мочуришна територија, недалеку од Санкт Петербург, е поставена голема железна порта. Позади рѓосаните шипки на оградата има куп радио-кули, напуштени згради и електрични кабли. Морничавата локација е тема на мистериозни теории кои потекнуваат од времето на Студената војна.

Бесконечна дискусија помеѓу Вернер Херцог и Славој Жижек генерирана од вештачка интелигенција

Во моментов станува прилично евтино и лесно да се продуцира содржина генерирана од AI. Толку евтино и лесно што е прашање дали ова што го читате е напишано од човек или од машина. Единствено што нè држи убедени дека сепак сме првото, е болката во кичма од цел ден дремење на тастатура.

300 години од „Добро темперираниот клавир“ на Јохан Себастијан Бах

Највлијателното педагошко дело на барокниот композитор оваа година полни три века. Иако денес се изведува на модерно пијано, насловот често пати погрешно се преведува како да се однесува на овој инструмент - она на што мислел Бах е нешто поинакво.

Селото во кое сите добиле на лото - освен еден човек

На 22 декември 2011 шпанското село Содето преку ноќ се трансформирало од мало место во кое луѓето се занимавале со земјоделие во богата енклава. Причина - сите жители во исто време добиле на лото. Сите, освен еден.

Букбокс гледаше: „Плејлиста“ (мини-серија, 2022)

Приказната за основањето на стриминг сервисот Спотифај, која ни овозможува да ѕирнеме зад сцената на еден од најмоќните бизниси на светот, оној со дигитална музика. Иако има и „холивудски“ моменти, шведската серија не би била таква - шведска - да не содржи и социјална критика, промоција на „лајт“ социјализам, интересна „рашомонска“ наративна структура и, последно но не и најмалку важно, крај што остава во прашалници.

Годината во која сите правеле свадба

1942. Франклин Рузвелт ја спушта возраста за регрутирање на војници од 20 на 18 години. Почнува национална паника, несигурност и страв од она што следи - можноста оној кој ќе појде во војска никогаш да не се врати. Оттаму, секој кој имал со кого, се земал без многу размислување.