Bookbox

Некаде во Мексико постои проколнат остров, гонет од сеништето на одамна удавено девојче. За да се смири нејзиниот дух, сопственикот на местото почнал да закачува кукли. Едно време почнале да доаѓаат туристи. А најнови гости му биле Лејди Гага и Тим Бартон. 

Американскиот физичар Џон Мартинис, професор емеритус на Универзитетот во Калифорнија, Санта Барбара, и годинашен добитник на Нобеловата награда за физика, во интервју за „Јутарњи лист“ раскажува непознати детали од својот живот и за своите хрватски корени од островот Вис, поточно од гратчето Комижа.

Што е тоа - „ништо“?

Иако звучи необично, во историјата на филозофијата подеднакво, ако не и повеќе, е дискутиран проблемот на непостоењето, на „не е“ наспроти „е“. Дали „ништо“ може да се замисли и да се искаже? Ако може, тогаш, како е тоа - ништо? Доколку ве интересира, добро. Доколку не - ништо.

Предвидувањето од 1970 дека старите ќе станат „граѓани од прв ред“ во 2025-та

Пред повеќе од 50 години научниците очекуваа дека до 2025 ќе живееме по 90 години и дека староста ќе стане „првокласно граѓанство“. Денес, бројките се далеку поскромни, и покрај сиот технолошкиот напредок. Но уште позагрижувачко од должината на животот е неговиот квалитет и односот на општеството кон повозрасните лица. Читавте вести за домовите за стари деновиве...

Во првиот филм за „Титаник“ играла преживеана од трагедијата

Само еден месец по потонувањето на „Титаник“, во април 1912 година, 22-годишната американска актерка Дороти Гибсон – една од преживеаните – снимила филм за трагедијата. „Спасена од Титаник“ била првата драматизација на познатиот настан, снимена и објавена во мај истата година.

Кодирани огласи во весници - пораки за патници и тајни љубовници во викторијанска Англија

Во средината на 19 век, во британските дневни весници од време на време се појавувале огласи кои делувале како бесмислици, или како словослагачот во печатницата да дошол на работа пијан. На криптолозите им требало долго време да откријат за што станувало збор: некои од нив биле пораки од семејството до конкретен патник и истражувач, а други очајни повици од тајни љубовници.

За академската мастурбација (буквално)

„Долго време се сомневав дека академското издаваштво не е заинтересирано за промовирање на најдобрите истражувања, направени од најдобрите и најумните мислители. Наместо тоа, тоа сега се состои од пријатели, колеги, подлизурковци и ласкавци, кои меѓусебно си ги чешаат за да добијат напредување или нови позиции“ - без влакна на академскиот јазик вака пишува Лиза МекКензи, британски етнограф и анархист, која се потпишува како „професор од работничката класа“.

Во Тирана ќе се гради облакодер во форма на Скендербег

Со својот специфичен „орловски“ нос и големата брада, албанскиот национален херој, Скендербег, често е присутен на улиците и плоштадите на Албанија (а по него е именуван и плоштад во Скопје). Kралот-воин висок повеќе од два метри, борец против Отоманските Турци, е славен преку бројни споменици и рељефи. Во Тирана сега се гради облакодер во форма на неговиот лик. 

Барајќи ја Дуња Јунис: заборавената либанска пејачка од албум на Брајан Ино и Дејвид Брн

Целата приказна личи на онаа од документарецот „Барајќи го Шугармен“. Во семпл искористен на албумот „Мојот живот во шумата со духови“ од 1981 се појавува глас на девојка која никогаш не го дознала овој факт, и покрај тоа што Ино и Брн коректно ги надоместиле авторските права на издавачот. 41 година подоцна работата се исправа.

Љубовната тројка на Тургењев, една оперска пејачка и нејзиниот сопруг

Откако ја слушнал нејзината изведба на настап во Русија, Тургењев одлучил да ја напушти татковината и да ја следи младата oперска пејачка Полина Виардо во Франција. Фактот што таа била веќе омажена за многу постар влијателен господин не му претставувал пречка. А изгледа и ним не им пречело рускиот писател да почне дури и да живее со нив.

Букбокс гледаше: „Златни гласови“ (2019)

Kрајно шармантен филм, во кој низ приказната за двајца возрасни советски актери кои ги позајмуваат своите гласови за синхронизација на странски филмови, ја следиме и нивната лична судбина, но и носталгично се навраќаме на филмот како уметност, за многумина и живот. 

Зошто сите зборуваат за глувоста на Бетовен, а никој за слепилото на Хендл и Бах?

Тоа дека Бетовен наглув компонирал, изведувал и диригирал голем број од своите дела, а целосно глув ја напишал славната 9-та симфонија, е нешто што остава впечаток, затоа што музиката ја поврзуваме со слушниот апарат. Ако тој е нарушен, тогаш надминувањето на ваквата пречка за еден композитор го сметаме за подвиг. Но игнорираниот факт дека Хендл и Бах биле слепи при крајот на своите кариери можеби е многу поголем предизвик за некој што создавал музика во време кога нотниот запис бил единствениот „носач на звук“.

Кога Дикенс барал куќа каде ќе сретне вистински дух

Нова изложба во Лондон ќе ја истражува доживотната опсесија на славниот автор со паранормалното. Сепак, неговите биографи велат дека ова не било резултат на тоа што тој навистина верувал во духови, туку на неговиот „бизнис“ сенс за тоа кои приказни најдобро се продаваат.

На 40 години од „Одбрана и последни денови“: за радикалноста на фонтот на корицата на еден од најважните албуми на екс-ју музиката

Денес, кога ги гледам фотографиите од раскошниот материјал кој оди во комплет со тазе реиздадениот албум, и додека ја слушам плочата на мојот пулски грамофон, би рекол дека како генерација, сепак имавме среќа - пишува Јерговиќ за албумот „Одбрана и последни денови“ на Идоли. Го пренесуваме најинтересниот дел од текстот, за кириличниот фонт употребен на неговата корица, кој откако помина и панкот и новиот бран, доби сосема поинаква идеолошка позадина. 

Инфлацијата не е само економски феномен

Намалувањето на вредноста на одредена валута е метод на поттикнување револуционерна промена. Вака зборувал Ленин, и иако денес не е баш модерно да се цитираат мислители од нашето марксистичко минато, па уште и Руси, она што тој го тврдел - дека инфлацијата има големо општествено а не само економско влијание - денес е појасно отколку кога и да е на глобално ниво.

Измамата со „воскреснатиот“ смрзнат човек што ја инспирирала авторката на „Франкештајн“

Жешкото лето 1826, Британците наседнале на приказна за жртва на лавина, човек кој по некое чудо излегол жив од под мразот откако таму минал цели 166 години. Мери Шели, радосна што наишла на таков наративен „штоф“, напишала есеј инспириран од писмата на наводниот преживеан. 

Духот на Џамбо: слонот што бил прегазен од воз

На 15 септември 1885, дваесет и пет години откако бил заробен во Судан, слонот Џамбо трагично го загубил животот кога бил удрен од товарен воз. И ова не е единствен ваков измислен или реален случај, кој ги разоткрива латентните анксиозности на преминот од 19 во 20 век.

„Малиот Худини“: затвореникот со најголем број бегства

Можеби не е рекордер во историјата на казнено-поправните институции, но сигурно е помеѓу највештите бегачи помеѓу се уште живите затвореници. Неговите „потфати“ се инспирација за кантри песна и рап албум.

Приказната за тројцата кои биле убедени дека се Исуси

Во 1950-тите најпопуларни методи за „лечење“ на психијатриски заболувања биле фронталната лоботомија и електро-шоковите. Но еден американски психијатар промовирал психотерапевтски пристап дури и кај најтешките случаи на параноидна шизофренија. Станал најпознат по третманот на тројца пациенти од иста болница, сите со различна биографија, но идентично уверување - дека се Исус.

Букбокс гледаше: „Морфиум“ (2008)

Филм направен врз основа на „Записите на младиот лекар“ на Булгаков, за млад и неискусен доктор испратен во руската провинција во бурните години на револуцијата. Она што за некого ќе биде потребен лек, за него станува зависност и неуспешен ескапизам.

Како да одбереш влијанија?

Во и не така далечното минато врз формирањето на личноста влијаеше семејството, школото, друштвото, прочитаните книги или изгледаните филмови. Денес оние кои влијаат и оние повлијаените се онлајн, вторите често несвесни што им ги формира ставовите и вкусовите. Едно од клучните прашања притоа е не како да се одбегне влијание, туку како да се менаџира целата таа понуда.

Џони Деп и Џеф Бек украле стихови од затвореник?

Деп и Бек се обвинети за кражба на стихови на некогашен затвореник, кои се појавуваат во песна на нивниот заеднички албум, „18“. Иако можеби станува збор за народна творба, сепак останува етичкото прашање зошто тие се потпишани како единствени автори на стиховите.

Барајќи ја Нина: карикатуристот што го вметнуваше името на својата ќерка во сите цртежи 

Пред две години беше организирана онлајн изложба „Национално лудило: 75 години барајќи ја Нина“. Станува збор за Нина Хиршфелд, ќерката на славниот карикатурист Ал, која од моментот на нејзиното раѓање била скришно присутна во сите негови цртежи.

„Тирани“, „манијаци“ - кога возачите на автомобили биле омразени сограѓани

За голем број Американци во 1920-тите, автомобилот и неговиот возач биле непосакувани елементи на урбаниот пејзаж. Тие наивно сметале дека протестите, медиумската поддршка и генералното промовирање на градови без автомобили ќе може да го спречи неминовниот развој.

Можете ли да се скокоткате самите себеси?

Некои луѓе слушаат гласови. Други искусуваат сензација на скокоткање, дури и кога никој не ги допира. Нови сознанија покажуваат како е тоа можно.

За македонство, без „-изам“

Актуелниот политички миг помеѓу другото наложува употреба на изнијансирани лингвистички средства - прецизно определување на зборовите. Во тој контекст, дали нешто e „-изам“ или „-ство“ може да направи голема разлика. 

Најсаканите (и најомразените) интерпункциски знаци на познати писатели

„Да се биде догматичен во однос на интерпункцијата е исто толку будалесто колку да се догматизира која и да е друга комуникација со читателот“, напишал Хенри Џејмс. Па сепак, изборот на знаци и во прозата, а уште повеќе во поезијата, му сигнализираат нешто на читателот. На пример тоа дека авторот може да сака едни, а да мрази други.

Новиот албум на „Мјуз“ ќе отвори нова категорија на топ листите

Последен пат нова категорија албуми на топ-листите беа оние кои можат да се слушнат на стриминг платформите. Од тогаш поминаа седум години. Сега таква категорија ќе станат и оние издадени како NFT или незаменливи токени.

Букбокс гледаше : „Еден рез за мртвите“ (зомби-хорор-комедија, 2017)

„Издржи го првиот пола саат“ - беше советот што го добив кога ми го препорачаа овој филм, кој жанровски не е она што изгледа на прв поглед, и покрај сета крв, врескање и пресечени екстремитети.