Bookbox

Филмовите инспирирани од античките митови и епови речиси секогаш отвораат прашања за тоа кој има право да ги раскажува и како треба да изгледа нивното современо претставување. Новата филмска адаптација на „Одисеја“ на Кристофер Нолан не е исклучок. Наместо разговорите да се водат околу продукцијата, вниманието се насочи кон едно друго прашање: зошто во приказна што се промовира како грчко културно наследство речиси и да нема грчко присуство?

Тенисот отсекогаш бил спорт со необични правила и уште почуден речник. Поени како 15, 30 и 40, термини како „дјус“ и „предност“, како и фактот дека нула поени се нарекуваат „лав“, збунуваат. Како збор што обично го поврзуваме со романтика и чувства станал официјален начин да се каже дека некој нема освоено ниту еден поен?

Diei duri dox: професорот од 60-тите што ги преведувал Битлси на латински

Учењето странски јазици, дури и на наједноставните, не е лесно. Затоа наставниците со години бараат покреативни начини за приближување на јазиците до учениците — преку серии, стрипови, музика и популарна култура. Но што се случува кога станува збор за латинскиот, јазик кој многумина го доживуваат како далечен, строг и „мртов“? Еден британски професор нашол неочекуван одговор: Битлси.

Човекот што го барал изворот на младоста, а ја нашол - Флорида

Ако постои историска награда за најдолговечна легенда, тогаш онаа за изворот на младоста сигурно би била меѓу фаворитите. Со векови луѓето сонуваат за магично место што ќе ги подмлади, а името на Хуан Понсе де Леон речиси неизбежно се појавува секогаш кога ќе се спомне оваа приказна. Но зад митот за вечната младост се крие многу покомплексна и поинтересна личност - војник, истражувач, колонизатор и човек чиј живот бил исполнет со потрага по нови земји, богатство и слава. 

На 104 почина Едгар Морен, мислителот кој се спротивставуваше на едноставните одговори

Со заминувањето на францускиот интелектуалец, светот загуби еден од последните големи мислители на 20 и 21 век, кој речиси цел век посвети на борбата против поедноставувањето на светот. Неговото дело беше обид да се покаже дека реалноста никогаш не може да се разбере преку едноставни поделби, цврсти категории или една дисциплина сама по себе.

51 Birch Street (2005)

На прв поглед сосема обичен документарец на Даг Блок за неговото семејство. На втор, потресно сведоштво за точноста на една стара руска поговорка - дека душата е темен подрум. А особено онаа на твоите родители.

Ноќен клуб во цистерна за вода

Замислете дека сте поканети на некаква мистериозна забава. Добивате знак на распознавање, рачен часовник, а на одредено место ве чека човек кој ќе ве однесе на едно чудно, „забрането" место - цистерна за вода.

Поп Хамлет

Има така некои класични книжевни ликови и дела, кои иако малкумина реално ги имаат читано, се вистински поп-икони. Еден од нив е сигурно е данскиот принц и неговата вековна дилема. Мешап од негови спомнувања во филмови и ТВ шоуа, а сигурно има и уште.

Манзарек после Дорс

Вчерашната вест за смртта на клавијатуристот и со-основач на Дорс, разжалости многумина. Но што всушност работел тој сите тие 40 години по распадот на групата? Еве некои од неговите проекти, кои главно останале во сферата на експерименталното и не го добиле заслуженото внимание.

Декларација за еден необичен производ

Да не ни беше вака објаснето, навистина немаше да знаеме, и ќе стоевме ко збунети среде продавница, со необичниот предмет в рака. Сега е јасно - тој е за читање. Има неограничен рок на употреба. И нема опасност при правилно користење. За последново сепак сме некако скептични.

Белешки на аукција

Како поддршка на Англискиот ПЕН, кој се залага за слобода на пишувањето и права на писателите во светот, познати писатели прифатиле да напишат белешки на своите први изданија, кои потоа ќе бидат дадени на продажба. Некои од нив откриваат до сега непознати детали за делата, и за односот на авторите кон нив.

7 алатки за мислење

Пред неколку дена излезе нова книга на познатиот американски истражувач на умот, филозофот Даниел Денет, „Интуициски пумпи и други алатки за мислење". Еве некои од нив кои се навистина корисни. Oсобено ни е драг Окамовиот брич, а иако е тешко, се обидуваме да го следиме и она за негубење време на глупости.

Нацртани рецепти

Дали кога готвите по рецепт повеќе сакате да ви нацртаат или да прочитате што треба да направите? Ако сте од првите, ова е книга за вас. 

Секојдневниот живот на порно актерките

„Ми се допаѓа тоа што го работиш" е нов документарец кој ги регистрира секојдневните животи на девет жени во тек на десет дена, додека тие снимаат лезбејски порно филм во Њујорк. Трае шест часа, а можете да го гледате онлајн за десет долари. Порака: и тие се само луѓе.

Мјузикл во чест на Милан Младеновиќ

Во театарот Стерија во Вршац се подготвува претстава посветена на прерано починатиот музичар.

„КОМО“ од Срѓан Валјаревиќ

„Тоа ти е ко некој роман. Дневнички белешки од кои направив книга. Поминав некое време во Италија, па ете, пишував. Интимни белешки за планинарење, и тоа прво планинарење во животот. Па после као се муваш со некоја женска, добро јадеш, пиеш добро вино, и на крај од тоа излегува роман. Ма супер!"

Ден Браун - Лилјакот

Откако објавивме дека преведувачите на новиот роман на Браун морале да бидат во бункер додека го преведувале на 11 јазици, сега наидовме на уште поинтересна информација. Како славниот писател ја разбива сопствената авторска блокада.

Доделена Орвеловата награда за 2013

Оваа година престижната британска награда која се доделува од 1994 ја доби книга за убиство на хотелски рецепционер од страна на британски војници во Ирак, и збирка текстови на Мари Колвин, која минатата година погина во Сирија додека известуваше за тамошниот конфликт.

Мемоарите на еден катиљ човек

Автобиографијата на еден од најславните тенисери во историјата на овој и-не-толку-бел спорт потврдува. Дека тој не бил несфатен, туку едноставно - кретен.

Театарски Алан Форд

Оваа недела, по повод 40 години од првото објавување на Алан Форд во Хрватска, во Загреб се одржува премиера на претстава по мотивите на славниот стрип.

Анџелина до жените

Веста на денот, кои некои портали по инерција заради тоа што се работи за актерка ја класифицираа под „забава“, е дека една од најубавите жени во светот се одлучила „од мирно седење“ да си ги извади обете гради. Еве го нејзиното писмо во Њујорк Тајмс во целост, во кое ги објаснува нејзините мотиви, како за операцијата, така и за обзнанувањето на целата работа.

Зен и уметност на свирење пијано на точак

Барајќи начин како сами себе да си го осветлиме утрово, наидовме на филмчево, кое нема шанси да не ви предизвика блага насмевка. Заради едно пијано кое се вика св. Франкештајн, и еден симпатичен тип, кој го вози. Да, го вози.

Кога Американците и Германците војувале на истата страна

Во „Последната битка" на Стивен Хардинг, која излезе од печат пред неколку дена, се опишува еден необичен настан: заедничка битка на американски војници, француски затвореници и германски војници, на крајот на Втората светска војна.

Мртва природа од рајдер листи

Ги знаете оние „рајдер листи" на музичарите, кои често содржат бизарни барања? Уметникот Хенри Харгривс ги оживува во фото серија, направена во стилот на старите сликарски мајстори.

Емоции за кои нема зборови

Вака од уво, може да се каже дека македонскиот е прилично богат со зборови кои искажуваат чувства. На пример „сакам" може да биде и „имам мерак", „ќеф ми е" или „сакаааам!". Ама во некои јазици тие - зборовите и чувствата кои ги опишуваат - се поизнијансирани.

„Погледот на Одисеј“ (1995)

Филмот на Ангелопулос трае два часа и 49 минути. Има добиено специјална награда од жирито во Кан. Го опишуваат како „епски" и „храбар". Главната улога е на Харви Кајтел. И зборува за - браќата Манаки! Ама...

Денот кога гореа книги

Нешто повеќе од еден век пред Хитлер, германско-еврејскиот поет Хајнрих Хајне напишал: „Онаму кадешто палат книги, наскоро ќе горат и луѓе". Токму тоа се случило на денешен ден, 10. мај 1933, во Берлин. Мирисот на изгорена хартија предупредува и осумдесет години подоцна.

Симболот на психоанализата се распаѓа

Канабето на Фројд, под тежина на повеќе од еден век соништа, трауми, фобии и комплекси на оние кои на него ја отварале неговата душа, полека попушта. Музејот на Фројд во Лондон издаде повик за собирање средства за негово реставрирање.

Мјузикл по мотиви на Кјеркегор

Звучи како скеч од Монти Пајтон, ама во Данска, во чест на 200 годишнината од раѓањето на познатиот филозоф, е направен - мјузикл.