Голем број од пациентите на Фројд, чии психолошки трауми му помогнале да ја формулира неговата психоаналитичка теорија, додека му раскажувале за нив лежеле на овој кауч: „Човекот-волк", кој го добил името според еден сон од детството на кој често се присеќавал, „Дора", која Фројд ја дијагностицирал дека страда од хистерија, и „Човекот-стаорец", кој го добил името соред неговите опсесивни фантазии.
Каучот, кој е исто толку стар колку и Фројд (кој е роден 1856), бил опишан како „необично удобен", а му бил порадок од богата пациентка од Виена, мадам Бенвенисти. Каучот пристигнал во Лондон кога нацистите го присилиле Фројд да ја напушти Виена во 1938, и тој се уште се наоѓа во собата за консултации во неговиот последен дом во Хемпстед, кој сега е музеј.
Под ориенталните ќилими и перничиња душемето е дотраено, а федерите истрошени. Дон Кемп, директорката на музејот, се надева дека некоја компанија која се занимава со модерен дизајн би сакала да ги спонзорира 5,000-те фунти кои се потребни за реставрација. Каучот е премногу оштетен за воопшто да излезе од куќата, па тие се надеваат дека ќе најмат експерт кој би работел на лице место.
„Голем број луѓе го посетуваат музејот на Фројд како некаков аџилак, и каучот е предметот со кого најмногу го поврзуваат. Тоа е веројатно најпознатото парче мебел во светската историја", изјавила Кемп. После сите овие муабети околу едно канабе, просто ти доаѓа да си прилегнеш..