Ќумурот од пожарот во катедралата уште беше топол кога француските и светските милијардери почнаа да надаваат кој повеќе ќе донира за реставрација на Нотр Дам. На крај беше ветена блесава сума пари, која предизвика спорадични критики (што не ги дадете на сиромашните) и громогласни аплаузи и хвалоспеви од светската публика. И за сега е останато на ветување.
Стадионот на Рајо Ваљекано, „Кампо де Ваљекас“ се наоѓа во предградие на Мадрид на 5 км од центарот на градот, на 4-5 метро станици. Челните луѓе на Ла Лига го затвориле овој стадион во текот на новата сезоната, а основна причина за тоа е - недовршениот ремонт.
Нов документарец оддава признание на обожавателите на славниот шпагети вестерн, кои со макотрпна работа ја реставрирале локацијата каде се одвива неговата антологиска сцена.
„Град без Евреи“ премиерно се прикажал во Виена во 1924. Сега неговата оригинална верзија, која била загубена цели деведесет години, е реставрирана и спасена од заборав.
Што се случува кога стариот Ајфон се продава на фирми кои се занимаваат со откуп на користени телефони? Голема е веројатноста тој да се врати на пазарот и да се купи како нов.
Канабето на Фројд, под тежина на повеќе од еден век соништа, трауми, фобии и комплекси на оние кои на него ја отварале неговата душа, полека попушта. Музејот на Фројд во Лондон издаде повик за собирање средства за негово реставрирање.