Стадионот го затвориле по жалби на самите навивачи на Рајо кои важат за едни од најверните во Шпанија. Нивните поплаки имале сериозни основи затоа што неодамна едно 4-годишно дете паднало од една од високите трибини и за среќа останало неповредено.
На мечот против Севиља на овој стадион, трибините биле нестабилни и се клателе. Освен тоа на стадионот имало многу ѓубре, отпад и не неуредени тоалети. Стадионот на Рајо Ваљекано е стар 42 години а неговото реставрирање скромниот клуб го започна со враќањето на екипата во Примера но не успеале да го довршат пред стартот на сезоната.
Навивачите на Рајо објавиле и фотографии на социјалните мрежи за да покажат во каква состојба се наоѓа стадионот:
Првиот меч од сезоната можел да заврши трагично: четиригодишниот Сезар Коладо се потпрел на заштитната ограда и паднал од трибината.
„Се свртев и во еден момент Сезар исчезна“, потресно раскажал таткото на детето, Дарио. Малиот летал неколку метри и среќа паднал во собраните картони и отпад па минал без сериозно повреди.
Дарио на Твитер го покажал местото на падот на малото дете:
Овој опасен настан ги потресол не само клупските раководители туку и спортските работници во Мадрид. Тие се јавиле кај семејството Коладо, прашале за состојбата на детето и ветиле дека на „Кампо де Ваљекас“ веќе нема да се игра фудбал додека не се решат недостатоците.
„Следниот ден Хавиер Оркарај (општински раководител за млади и спорт) отиде на стадионот не само да види од каде падна син ми, туку и да ја види состојбата на тоалетите, скалите, градежните материјали и страничната трибина. Фирмата која што го реновира стадионот вети дека ќе ги исправи сите недостатоци до следниот домашен меч. Знаеме дека не е лесна работа, но макар минимални услови на безбедност мора да има секаде“, рекол Дарио Коладо.
Градските власти уверувале дека стадионот нема да се отвори се додека не биде совршено безбеден а поради тоа мора да се изведат дополнителни работи.
Компанијата која летово работела на реновирање на стадионот и за тоа добила 1,2 милиони евра, побарала уште рокот да биде продолжен на уште еден месец за да ги отстранат неправилностите.
По серијата опомени од Ла Лига, управата на Рајо и сопствениците на стадионот го затвориле стадионот привремено и постои најава дека ќе биде отворен на 15 октомври.
Рајо Ваљекано дома во блиска иднина игра против Атлетико Мадрид (требаше да играат на 1 септември, но мечот е одложен), против Алавес (на 16 септември) и Еспањол (30 септември). Во случај екипите да не можат да ги заменат домаќинствата во двете полусезони, Рајо своите домашни натпревари би ги играл на стадионот на Легањес во Мадрид кој има помал капацитет од бројот на сезонски карти колку што продал Рајо.
Стадионот „Кампо де Ваљекас“ е отворен во мај 1976 година. До 1996 година тој собирал 20.000 гледачи, но поради правилата и критериумите на ФИФА за пониските лиги, многу столици биле извадени.
Во 2011 година ги тргнале оградите близу теренот, но трибните биле лишени од првиот ред па капацитетот денес изнесува 14.708 места.
Формално стадионот му припаѓа на градот Мадрид но за него е одговорен Рајо Ваљекано. Во минатото големи реконструкции на стадионот немало.
Додека шпанската лига крои намери како секоја екипа во иднина да одигра по еден меч во САД заради популаризација, а играчите не сакаат да слушнат и се заканија со штрајк, во Ла Лига уште еден терен беше како права ораница.