Според кинескиот сајт за технологија ITHome, во земјата долго време совршено функционираат канали за увоз на стари Ајфони од САД, Јапонија и Хонг Конг.
Беза разлика дали имаат скршени екрани, расипани плочи и што сè друго не им работи, овие телефони собрани од специјализирани фирми кои се занимаваат со откуп, главно завршуваат во Кина, во фабрики за нивна реставрација.
Едно од таквите места бил Шензен каде што откупените телефони целосно се расклопуваат, им се менуваат расипаните делови и потоа се пакуваат во совршени реплики на Ајфон кутии, сосе сериски број и целофанче за заштита на дисплејот.
Ваквите пимпани телефони главно завршуваат на пазарите во неразвиените земји.