- Во рамки на одбележувањето на 20-годишнината од постоењето, Агенцијата за филм на Македонија започнува серија ексклузивни мастеркласови со врвни светски професионалци од филмската индустрија. Првиот настан ќе се одржи на 7 мај (среда) со почеток во 11:00 часот во Cineplexx.
- Гостин-предавач ќе биде Енди Кенеди, еден од водечките светски експерти за дизајн и монтажа на звук, добитник на престижните Еми и Бафта, со повеќе од три децении искуство во индустријата. Неговото богато портфолио вклучува работа на Game of Thrones, Bohemian Rhapsody, The Crown, Batman Begins, Harry Potter, The Imitation Game и Fantastic Mr. Fox.
- Мастеркласот ќе понуди уникатен увид во процесот на создавање на звучен идентитет, како и во клучната улога што звукот ја има во филмското раскажување. Настанот е наменет за филмски професионалци, студенти, но и за сите љубители на седмата уметност.
- Предавањето ќе се одвива на англиски јазик, а влезот е бесплатен со задолжителна претходна регистрација. Бројот на места е ограничен.
- Оние што како нас секој ден решаваат Зборле знаат дека зборовите почнаа да се повторуваат - сепак со пет букви има ограничен фонд. Сега на Михаил Стевчев му текнало да направи зборле со 6 букви - Шестерка.
- Кодот му е опен сорс на неговиот Гитхаб профил, а повеќе детали како одел процесот има во овој пост.
- Го пробавме денес и добро е - оди на линкот.
- Од 26 до 30 октомври 2026 година, Кино Фросина при Младинскиот културен центар и Џебното кино во Скопје ќе бидат место каде планините „зборуваат“ преку филмови, презентации, средби со гости и активности за сите генерации. Сите настани се бесплатни.
- ЕХО 17 носи петдневна програма, овојпат со 49 проекции од меѓународната селекција. Приказните ги спојуваат алпинизмот, планинарењето, спелеологијата, екологијата, културата, авантурата и секојдневниот живот во планинските заедници. Покрај филмовите, публиката ќе може да слушне домашни и странски гости, да присуствува на разговори и да ги доведе децата на детски работилници.
- Фестивалот се отвора во понеделник, 26 октомври, во 19:00 часот во Кино Фросина. Веднаш потоа Спелеонуркачкиот клуб „Врело“ ја претставува пештерата Врело во Матка, најдлабоката пештера во светот истражена од човек, со длабочина од 338 метри. Првата вечер завршува со филмот „Фрост – приказната на животот“ на Том Сивел од САД.
- Програмата не е само за алпинисти и планинари. Таа е за секого што сака добра приказна за природата и луѓето. Ќе се прикажуваат филмови за големи искачувања, скијање, пештерски истражувања, диви реки, климатски промени, женски приказни од планината и заедниците што живеат покрај неа.
Програма по денови тука