Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
    • Архива
    • Читанка
    • Гледанка
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • Архива
  • Читанка
  • Гледанка
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Bookbox › Набрзинка

Саем на книга во СЦ „Борис Трајковски“ од 23-29 април

22 април 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • „Отвори прозорец кон нови светови“ е слоганот на 38. издание на Саемот на книгата, кој и оваа година ќе се одржи во Aрената Борис Трајковски во Скопје, во периодот од 23 до 29 април (четврток до среда).
  • Издавачката куќа „Арс Ламина“ го најави ексклузивното гостување на популарната американска писателка на психолошки трилери, Сара Пеканен, во Скопје на 25 април. Преку издавачката куќа „Сакам книги” доаѓа и италијанската писателка Виола Ардоне – авторка на популарната книга „Возот за деца“ која веќе доби и своја Нетфликс адаптација. На штандот на издавачки центар ТРИ ќе гостува Хајс Вилбринк, автор од Холандија. На штандот на Антолог најавено е гостување на авторката Ирса Сигурдардотир од Исланд, препознатлива авторка на трилери. Чешкиот писател Јиржи Хајичек е специјален гостин на „Славика либрис“. На саемот ќе бидат присутни над 30 издавачи од соседна Србија, а за истакнување е и најголемиот издавач Лагуна.
  • Програма на промоции по штандови тука
    Промоции во Промотивниот центар на Саемот тука
извор

Играјте „Шестерка“

24 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Оние што како нас секој ден решаваат Зборле знаат дека зборовите почнаа да се повторуваат - сепак со пет букви има ограничен фонд. Сега на Михаил Стевчев му текнало да направи зборле со 6 букви - Шестерка. 
  • Кодот му е опен сорс на неговиот Гитхаб профил, а повеќе детали како одел процесот има во овој пост.
  • Го пробавме денес и добро е - оди на линкот.
извор

17-то издание на фестивалот за планински филм ЕХО

24 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Од 26 до 30 октомври 2026 година, Кино Фросина при Младинскиот културен центар и Џебното кино во Скопје ќе бидат место каде планините „зборуваат“ преку филмови, презентации, средби со гости и активности за сите генерации. Сите настани се бесплатни. 
  • ЕХО 17 носи петдневна програма, овојпат со 49 проекции од меѓународната селекција. Приказните ги спојуваат алпинизмот, планинарењето, спелеологијата, екологијата, културата, авантурата и секојдневниот живот во планинските заедници. Покрај филмовите, публиката ќе може да слушне домашни и странски гости, да присуствува на разговори и да ги доведе децата на детски работилници.
  • Фестивалот се отвора во понеделник, 26 октомври, во 19:00 часот во Кино Фросина. Веднаш потоа Спелеонуркачкиот клуб „Врело“ ја претставува пештерата Врело во Матка, најдлабоката пештера во светот истражена од човек, со длабочина од 338 метри. Првата вечер завршува со филмот „Фрост – приказната на животот“ на Том Сивел од САД.
  • Програмата не е само за алпинисти и планинари. Таа е за секого што сака добра приказна за природата и луѓето. Ќе се прикажуваат филмови за големи искачувања, скијање, пештерски истражувања, диви реки, климатски промени, женски приказни од планината и заедниците што живеат покрај неа.

Програма по денови тука

извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Bookbox
1

Ана Брнабиќ, машки

Балканштина
2

Доби црвен и се врати од тунелот за да го патосира Чурлинов

Фудбал
3

Србија: Кој ќе биде намагарчен?

Мешано
4

Вакви ако земат сила, ќе ја урнисаат победата

Балканштина
5

Така испаѓа

Балканштина
6

Кога си гладен не си свој

Балканштина
7

Волкановски ја одбрани светската титула па во рингот се завеаа австралиско и македонско знаме

Разно
8

Зеленски во 2023 одбил мировен план поволен за Украина

Свет
1

Дали познавате ваков историчар?

Bookbox
2

Букбокс гледанка: „Скапани јаболки“ (Bad Apples, 2026)

Гледанка
3

Играјте „Шестерка“

4

Oд каде името „макадам“?

Bookbox
5

Κако Нетфликс ја прекина традицијата што ја правеше телевизијата посебна

Bookbox
6

Хризантема: цветот што ја победува есента

Bookbox
7

Арно: Книжарска мапа на Скопје

8

17-то издание на фестивалот за планински филм ЕХО

* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Вакви ако земат сила, ќе ја урнисаат победата

Балканштина

Така испаѓа

Балканштина

Ана Брнабиќ, машки

Балканштина

Кога си гладен не си свој

Балканштина

Додека ловот не нè раздели

Балканштина

Јако мување

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Предраг Луциќ: Југославија беше нашата ЕУ

Краток излет во „зајачката дупка“

Човекот кој го смисли "да пукне!"

Македонско семејство во два клипа

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy