Фотографии

Мртва природа од рајдер листи

Ги знаете оние „рајдер листи" на музичарите, кои често содржат бизарни барања? Уметникот Хенри Харгривс ги оживува во фото серија, направена во стилот на старите сликарски мајстори.

„Бев инспириран да ги направам овие фотографии откако прочитав неколку рајдери од најголемите светски ѕвезди, кои беа бесмислени", напишал авторот. „Она што ми беше најинтересно е што тие кажуваат нешто за личностите на овие ѕвезди".

И самите ќе видите - Синатра живеел од алкохол, Њу кидс он д блок јадат како да имаат 12 години, Принс прима инекција Б-12, а Били Ајдол бара путер (кој знае за што му е). И сето тоа делува ко мртва природа, масло на платно.

Френк Синатра: По едно шише Абсолут, Џек Даниелс, Чивас Регал, Курвоазје, Бифитер џин, бело вино, црвено вино. 24 оладени џамбо ракчиња, ментол бонбони Life Savers и бонбони против кашлање.

Ријана: Тврдо варени јајца, сланина од мисирка, колбаси од мисирка, во секое време од денот. 

Бијонсе: Сочна печена кокошка со многу зачини, лук (лук бе!), морска сол, црн и црвен пипер. Бијонсе може да конзумира само Пепси продукти.

Били Ајдол: Една доза „I Can't Believe It's Not Butter!" (замена за путер), и чоколадни колачиња.

Бритни Спирс: Риба и чипс, Мекдоналдс чизбургери без лепињите, 100 суви сливи и смокви (нормално..кога ќе фати запек од сувава храна), и - пазете ова - врамена слика од принцезата Дијана!

Фу Фајтерс: „Еден голем колбас кој ги прави мажите да се чувствуваат самоуверено".

Лејди Гага: Мал тањир сирење (да не мириса и да не се топи), на мраз.

Мараја Кери: Кристален шампањ, со цевка на виткање.

Мерлин Менсон: Гумени мечиња. Да повториме - гумени мечиња.

Принс: „Кафе и чај со прибор, вклучувајќи мед, лимун, шеќер, млеко, свеж корен од ѓумбир. Ќе биде потребен доктор за да администрира инекција Б-12.“

Њу кидс он д блок: Сладолед со колачиња Орео.

Најн инч нејлс: Две кутии пченкарен скроб.

Аксел Роуз: Бел леб на парчиња, Дом Перињон.

12 мај 2013 - 13:36