Bookbox

Се сеќавате на онаа слика на која некои гледаа црн а други син фустан, па не си веруваа едни на други дека го гледаат спротивното? Таа се базираше на тоа како мозокот ја интерпретира светлината. Една друга илузија прави да гледате кругови или правоаголници, наводно базирано на тоа од каде сте.

Митологијата на пропуштеното претпоставува дека некаде постои „правилна“ верзија на животот — паралелен тек во кој направивме подобри избори, стекнавме подлабоки искуства, тргнавме по „оптималниот“ пат низ лавиринтот од можности. Тоа е магиско размислување преправено во амбиција. Тоа е верување дека животот е тест со точни одговори.

Од нашиот специјален известувач: „Гленгери“ на Бродвеј

„Ти си среќен човек“ - му велам на Илија, кога ми кажува дека ќе ја гледа претставата правена според култен филм, во која ни помалку ни повеќе играат Бил Бур, Киран Калкин, Боб Оденкирк. Точно да седат на сцена и да ќутат би било супер, а камоли да ни ја раскажат приказната за отворот на капитализмот, капнат на раната на средната класа која сонува за живот по овој живот...таму некаде Гленгерово.  

Уметникот што здроби Тесла со огромна скулптура

Скулпторот Чавис Мармол нема автомобил, туку се движи со велосипед. Но тоа не го спречило во неговиот уметнички порив - да спушти реплика од девет тони од глава изработена по урнек на древните Олмечки статуи врз кров на Тесла. Сатиричен и ангажиран перформанс што стана хит на социјалните мрежи. 

Медалите на пријателството

Необична и инспиративна приказна за двајца јапонски спортисти, кои во далечната 1936, на Олимписките игри во Берлин, имале идентичен резултат во скок со стап. Организаторите не им дозволиле да го делат второто и третото место. Кога се вратиле дома, ги стопиле медалите и самите си ги поделиле.

Kнижевно светско првенство во фудбал

Англискиот тим е родово и жанровски мешан, па ги содржи и Ник Хорнби, но и Агата Кристи. Американците се многу јаки со Хемингвеј и Фицџералд, но Селинџер често не им се појавува на тренинзи. Каков би бил македонскиот?

Кога се претерува со хипербола

Откако еднаш ќе кажете дека сте сигурни во нешто „300 посто“, следниот пат, за да го засилите ефектот, ќе морате да употребите поголема бројка. И не е само до бројките - силните зборови, ако прекумерно се употребуваат, лесно ги трошат нивните животни сокови, и на крај издишуваат. 

Тајниот презир на Бодлер кон Иго

Виктор Иго, еден од француските книжевни џинови, како човек бил давеж. Барем така тврди неговиот современик и колега, Бодлер. A со него се согласуваат и современите француски матуранти.

Кога Јунг го хејтал „Улис“

Славниот Јунг влегол во лавиринтот на контроверзниот роман, но едвај извлекол жива глава. Измачен и лут, тој објавил статија на оваа тема, и му ја испратил на Џојс, со придружно писмо. Овој пак среќен што успеал да поремети еден наводно врамнотежен човек, па уште и психијатар. 

Скулптура која изгледа како да се топи

Микеланџело или Челини би биле веројатно воодушевени од можноста со едноставна анимација да создадат илузија на движење на нивните скулптури. Ние веднаш ја замисливме онаа на Чакаларов, како во бавен галоп врти по тоа кружниот тек. 

Официјален водич за твитер сленг

Сигурно не е лесно да ти е работа да седиш на компјутер и да следиш твитови потенцијално опасни по безбедноста, суверенитетот и светскиот мир, а тие да се состојат од глупи акроними. Ама сега и за тоа има лек.

Човекот кој го измисли јазикот дотраки

Еве еден начин како да го преживеете периодот на неизвесност и празнина до петата сезона на серијата - на 7. октомври HBO во соработка со издавачката куќа Living Language ќе ја издаде книгата „Живиот јазик дотраки: конверзациски курс" од лингвистот Дејвид Петерсон.

Зошто Американците го викаат фудбалот „сокер"?

Популарното уверување е дека сокер е бизарен лингвистички пронајдок на Американците. Но тој, за чудо, е британски збор, кој сега самите Британци не го поднесуваат.

Џез пејачот со необично висок глас кој играше во „Твин пикс“

Препознатлив по речиси женскиот глас, тој ќе остане запаметен по неговата соработка со џез легенди како Чарлс Мингус, Лестер Јанг и Чарли Паркер, но и по оние со Лу Рид и Дејвид Линч. И по интересната животна приказна.

Како да познаеш германски шпион

Eден навидум обичен збор јасно покажува дали англискиот ви е мајчин. И истовремено ве прави смешни кога немате појма од германски, а треба да го изговорите на овој јазик. Потврдено со видеа и многу смеење.

Прва апликација во музејската збирка на МОМА

„Биофилија", термин кој Бјорк го позајми од славниот природонаучник Едвард О. Вилсон, не беше само име на нејзиниот албум од 2010, туку означуваше цел еден еколошки концепт, чии визионерски идеи почнуваат да се препознаваат на голема врата.

Писателот кој го дизајнираше фудбалскиот дрес на Бразил

Во чест на почетокот на фудбалското првенство, неодамна беше реиздадена книгата на Алекс Белос, Futebol, која се однесува на историјата и културата на бразилскиот фудбал. Едно поглавје е посветено на необичниот дизајнер на бразилскиот дрес.

Како ќе заврши историјата?

25 години по објавувањето на текстот кој стана основа на славната „Крајот на историјата и последниот човек", Франсис Фукујама сумира - шчо напрајфме, и шчо требит да најпрајме за однапред. Малку се правда, но не попушта. Теоретски, либералната демократија според него е сè уште без конкуренција.

Употребата на санскрит како политички чин

Најмалку дваесетина новоизбрани членови на индијскиот Парламент ги положија своите заклетви на санскрит. Зошто е тоа интересно? Затоа што никој од нив реално не го употребува јазикот во секојдневниот живот. Нешто како во вицот: „Зборува есперанто како да е таму роден".

Книгата на Вотерс за стопирањето низ Америка

На 3. јуни излезе долго најавуваната книга на славниот режисер, за неговите доживувања при стопирањето од Балтимор до Сан Франциско. Насловот не мора да значи дека не си поминал добро.

Бил Вотерсон се врати!

Доколку сте љубител на Калвин и Хобс и на неговиот автор знаете колку оваа вест е истовремено и необична и фантастична. По две децении Вотерсон прв пат објавува стрип, како гостин кај негов колега.

Ептен минималистички филмски постери

Кога е во прашање минимализмот, работата е колку далеку може да се оди, а пораката сепак да биде пренесена. После овие постери не знаеме што би можело да биде кажано повеќе. Пардон, помалку.

Крај на еден лингвистички експеримент

Минатата недела @everyword се огласи за последен пат. Во текот на последните седум години, преку 109,000 твитови, еден по еден беа постирани сите зборови во англискиот. Но дали еден ваков проект навистина може да заврши?

Јазикот ги чува границите?

Во новосадското јавно претпријатие „Информатика", во она што обично се нарекува државна фирма, вработените неодамна добиле леток со лингвистичка содржина, наменет за „патриотско" форсирање на она што авторите го сметаат за чист српски јазик. Следеше бура реакции.

Сатиричарот кој ги нервирал нацистите

Нацистите имале долг список на писатели „за отстрел", ама еден од нив особено ги вадел од такт: сатиричарoт Курт Тухолски. Под мотото „кого удрам не жалам", тој во своите комични песни и текстови мавал по националистите, милитаристите, но и лично по Хитлер, кого го нарекувал „малиот човек".

Koja e Бамби?

Кање Вест на неговата невеста за неодамнешната свадба ѝ подари портрет. На него таа е насликана одзади во провокативна поза, носејќи само тагна и Лобутин чевли, а насловот е „Совршена кучка". И неговата таинствена авторка повторно стана тема на муабет. 

Реплика од увото на Ван Гог изложено во музеј во Германија

Во напад на лудило или во несреќен случај, увото на Винсент настрадало во далечната 1888. Сега тоа е реинкарнирано, благодарејќи на интересна комбинација на наука, технологија и уметност.

Од што ослепел Џејмс Џојс?

Познато е дека Џојс поголемиот дел од животот страдал од лош вид, а при крајот бил речиси слеп. Во 1931 изјавил: „Го заслужувам ова заради моите бројни неморални однесувања". Оваа гатанка сега ја разрешува нова книга, напишана од професор на Харвард. 

Последниот Навахо кој го знаеше кодираниот јазик користен во Втората светска војна

Повеќе од две децении Честер Нез морал да молчи за неговата улога во развивањето на код за армијата на САД, кој Јапонците никако не можеле да го разбијат. Бил базиран врз неговиот мајчин навахо кого, парадоксално, не смеел да го зборува јавно во текот на неговото школување.