Пред неколку години водителот на Top Gear, Џереми Кларксон, изјави дека најдобар начин да познаеш германски шпион е да побараш да го изговори зборот „верверичка", затоа што ниту еден Германец, без оглед колку добро го владее англискиот, наводно не може асално да го изговори овој збор.
Некој го тестирал ова тврдење, и направил видео во кое десетмина Германци кршат јазик околу верверичкава.
Би било праведно да се каже дека ова е тежок збор дури и за родени говорители на англискиот. Но за муабетов да биде ферски за двете страни, контра-видео во кое десетмина Канаѓани го изговараат германското за верверичка, Eichhörnchen, а Германците им фаќаат шаденфројде. Ние можеме на сите нив да им го правиме истото со...„туфахија“?