„Лошење во кола" (Carsick) е составена од два дела - првиот е фикција, во која Вотерс замислува најдобри можни сценарија во врска со стопирањето, како на пример да те собере твојата омилена порно ѕвезда, и најлошите можни сценарија, како би било да те вози убиец чија мисија е да ги среди сите „култни режисери" на светот, вклучително и Вотерс. Вториот дел се состои главно од негови размислувања за животот и за себеси во текот на понекогаш долгите чекања да застане автомобил.
„Стојам и си мислам, 'Јас сум жив а голем број мои пријатели не се. Тука сум и го правам овој проект’. Тоа ме направи неверојатно благодарен", вели авторот во интервју за NPR. Еве уште неколку делови од него:
Дали го препознавале додека стопирал
Луѓето минуваа крај мене и помислуваа „Ова беше Џон Вотерс?". Ама зошто тој би стоел на патот и би го правел ова? И потоа се враќаа и ме собираа. Дури луѓе не ме знаеа но сепак застануваа и се обидуваа да ми дадат пари или да ми помогнат, и тогаш сфаќаа кој сум и почнуваа да се смеат и да врескаат. А голем број луѓе воопшто не ме препознаваа, па кога им кажував дека сум филмски режисер ме гледаа како бездомник кој верува дека е таму некој си култен режисер.
Генерално, не ми беше гајле. Сакав да ги чујам нивните приказни. Ми олеснуваше кога не знаеа кој сум, но лицемерен сум, затоа што секогаш кога заглавував го користев моето име ако тоа значеше дека ќе добијам превоз.
За чувањето на неговиот багаж
Дури и кога им верував на луѓето, кога ќе излезевме од кола за да пиеме кафе секогаш измислував причина да си го земам багажот, затоа што мислев дека кога ќе одам во тоалет тие ќе ми земат нешто. Кога бев млад самиот крадев, па имам лоша карма заради тоа.
(еден од знаците со кои стопирал)
За прифаќањето возење од очај
Имаше моменти кога ќе прифатев да се возам и со Тед Банди во неговиот Фолксваген (познат сериски убиец и силувач). Ќе влезеш во секоја кола, верувај ми. Сите твои правила, сите работи кои ги замислуваш бледнеат кога стоиш некаде 10 години додека канзашките ветришта ти го шибаат измаченото лице.
Да се стопира е најлошиот третман за убавина. Влегував ноќе во мотелите и се погледнував во огледало. Во канцеларија имам мало огледало кое кога ќе се погледнеш во него вреска. Епа тоа го правеше секое огледало во кое се погледнав додека стопирав низ Америка. Се вадеше од памет кога ќе го видеше моето стоперско лице - нешто за кое сакам да измислам производ за третман.
Извадок од книгата тука