Биофилија на Бјорк, првата албумска апликација на сите времиња која излезе во 2011, стана дел од постојаната збирка на МОМА во Њујорк. Истовремено, мултимедиумските содржини за деца поврзани со овој проект влегоа во официјалната наставна програма на неколку северноевропски земји.
Според Паола Антонели oд одделението за архитектура и дизајн на МОМА, вредноста на апликацијата на Бјорк пред оние кои се појавиле во исто време, една година по излегувањето на iPhone, е во тоа што таа иновирала нов начин на кој луѓето можат да ја искусуваат музиката. Апликацијата ги претвора песните на Бјорк во серија мини игри, кои му дозволуваат на слушателот да ја менува музиката, и според зборовите на самата Бјорк, „да ги види звуците".
Овој албум и целиот концепт кој таа го разви деновиве даде уште еден резултат - мултимедиумската програма за истражување на универзумот, која таа ја има направено со група ескперти од областа на екологијата, стана дел од наставните планови на неколку северно-европски земји, вклучувајќи го и нејзиниот роден Исланд.
Програмата, која подолго време е користена неформално, покажала одлични резултати кај сите деца, особено кај оние хиперактивните, кои имаат проблем да се концентрираат на традиционалните наставни содржини. Минатата година Бјорк имаше неуспешна акција на Кикстартер за финансирање на ваква програма во целиот свет, но и нејзиното официјално воведување во школски програми во овој дел од Европа е доволно голем чекор.
Целиот албум „Биофилија“