Во текот на Втората светска војна Американците имале проблем да состават кодиран јазик за комуникација со нивните трупи на Пацификот. Сите обиди за користење различни јазици и дијалекти бргу биле разбивани од криптографите во Токио. Тогаш некој се сетил на припадниците на племето Навахо.
Честер Нез во 1942 бил тинејџер кога маринците на САД дошле во неговиот училишен интернат во Аризона, барајќи луѓе кои го говорат навахо како мајчин. Овој јазик им одговарал заради тоа што на него речиси и да немало пишувани документи, а имал сложена граматичка и синтаксичка структура. Говорниот јазик пак содржел тонови кои се тешки за разбирање за ненавикнато уво.
Кодот кој се развил врз основа на навахо (горната табела содржи само неколку примери) се покажал како неверојатно корисен. Првата генерација „шифранти“ броела 29 души, но бројката наскоро се искачила на 300. Сите тие морале да молчат за она што го прават, и да ја кријат својата тајна мисија дури и пред семејствата. Операцијата била декласифицирана во 1968, а оние кои учествувале во неа почнале да добиваат признанија за нивната работа. Во 2001, првите дваесет и девет добиле Златен медал од Конгресот. Честер Нез живеел најдолго од сите нив - почина вчера, на 4.јуни, на 93 години.
Трејлерот за Windtalkers oд 2002, кои врз основа на реални случки зборува за двајца американски маринци (Николас Кејџ и Кристијан Слејтер) кои имале задача да ги штитат оние кои го зборуваат „кодниот јазик“.