Bookbox

Кога сте толку многу и толку долго задлабочени во една работа, посветувате големо количество време, напор и концентрација, што тоа нешто почнува да ви доминира во мислите, соништата и другите искуства кои не се директно поврзани со активноста. E, тогаш може да кажете дека сте „тетрисирани“.

Неодамна присуствувавме на работилница за правење природен сапун, каде во воведот се спомна нешто на што никогаш не сме помислиле - од каде името на плочката што пени и меури?

Оригиналниот пеницилин на Флеминг ќе биде ставен на аукција

Навидум ништо посебно - зеленикава мувла заштитена под стакло. Ама тоа е посебен примерок на габа која довела до откритието на пеницилинот, а наскоро ќе биде на продажба. 

Уметниците кои водат правни битки за признавање на своето авторско право врз дела генерирани со ВИ

Во 2022 уметник поднесува своја слика на уметнички саем. Сликата добива прва награда. Ама до денес авторот не може да ја регистрира како сопствено дело, бидејќи таа е генерирана со помош на ВИ. Во тек е судски спор кој може да ја определи иднината на толкувањето на тоа до каде е автор човекот, а од каде машина.

Овие риби имаат нозе

Се викаат морски црвеногушки и имаат „тело на риба, крилја на птица и повеќе нозе, како краба“. Уште почудно - нозете им имаат сензори за вкус. 

Невесела етимологија: кај е север, кај е југ?

Многу работи во контекст на преименувањето на нашава држава нè поместија од колосек. Но има едно кое ја турна и последната стабилна оска во нашето поимање на светот - онаа поврзана со неговите страни.

Жената со лапис лазули во забите

Ако мислите дека ова е некој ироничен римејк на наслови од типот „Девојката со бисерна обетка“ се лажете. Ова е (или била) реална жена, со реални заби, на кои се фатиле наслаги од скапоцениот камен. Од каде се нашол таму?

Гринавеј планира да изгради тркачка патека во чест на Керуак

Има формално уметничко образование, а за своите авангардни филмови црпел инспирација од старите сликарски мајстори. Сега режисерот Питер Гринавеј работи на неговото веројатно најамбициозно дело до сега - вистинска тркачка стаза, во форма на уметничка инсталација под отворено небо.

Град во Шпанија протестира заради „пресимпатична“ статуа на ѓавол

Ѓаволот би требало да изгледа не само страшно, туку и грдо, а не како некој срдечен буцко со рогови ама без задни намери. Така велат жителите на Сеговија откако добија статуа на ѓаволот која изгледа преслатко.

Инсталација која во Африка во луп ја пушта „Африка“ на Тото

Та-та-та-татата-тааа! Во моментов по дома младата генерација го вежба интрото на хитот од 80-тите, во нешто што ни изгледа ко бесконечен луп. Ама некому му текнало да го направи точно тоа среде пустина, и да го нарече уметничка инсталација.

Како да пцуеш: илустриран водич

Не дека ни требаат посебни совети и прирачници за тоа како да пцуеме - имаме доволно поводи и мотивација и без нив. Но сепак би сакале да видиме ваков водич на македонски, чисто за тоа да го правиме граматички посоодветно.

Малку познатата врска меѓу Менделеев и санскритот

Одамна беше кога ја изучувавме таблицата која Дмитри Менделеев ја создал пред век и половина. Она што малкумина го знаат е дека принципот врз кој се базира неговиот систем е инспириран од - лингвистика.

Сакате да живеете подолго? Читајте книги

Студијата која ја покажува врската помеѓу читањето книги и продолжениот животен век по интернет критериуми може да изгледа „стара“ - од 2016. Ама што е тоа во однос на долговечноста која ни ја предвидува?

Кога Пикасо и Аполинер биле обвинети за кражба на Мона Лиза

Ако денес го посетите Лувр, ќе забележите две работи: огромно обезбедување и постојана гужва околу портретот на жената со мистериозна насмевка. Пред само еден век го немало ниту едното ниту другото. А едно утро во 1911 ја снемало и сликата.

„Ве бара некој инспектор“ (Аn Inspector Calls, 2015)

Драма на англискиот писател Џ. Б. Присли од 1945, класика на британскиот театар на 20 век, која има доживеано бројни адаптации за сцена. Ова е нејзина одлична ТВ верзија.

Слепата пијанистка за која Моцарт напишал концерт

Нов австриски филм, „Госпоѓица Паради“, ја раскажува необичната приказна за жената која откако прогледала почнала да го губи музичкиот талент и општествениот статус. Одлучила дека во мракот сепак се чувствува побезбедно.

Кој бил Зовек, откачениот лик во „Рома“ на Куарон?

Откако неодамна доби два Златни глобуса, за најдобар режисер и најдобар филм од неанглиско говорно подрачје, „Рома“ изгледа како сериозен кандидат и за Оскар. Еден од освртите се занимава со навидум спореден лик во него, кој излезе дека бил реална личност.

Последниот двобој во Франција бил меѓу двајца политичари

Писателите Пушкин и Лермонтов, математичарот Галоа, американскиот министер за финансии Александар Хамилтон - сите овие биле жртви на двобои, започнати заради нарушена чeст. Но иако последните во повеќето земји се регистрирани во 19 век, во Франција тој се случил пред само 51 година.

Од 1 јануари: истекоа авторските права на голем број значајни дела

На почетокот на новава година значајни филмови, музички дела и книги влегоа во јавен домен, односно се слободни за користење од новите генерации автори кои би сакале да ги реинтерпретираат и адаптираат за новото време.

Излезе новиот роман на Уелбек - „Серотонин“

Книгата се појави во книжарниците во петок 4-ти јануари, а денес, 5-ти, таа е веќе на првите места на топ листите. Во Франција е издигната на ниво на национален настан.

Како станавме „притискачи на копчиња“?

Во време на индустриската револуција да притиснеш на копче и одеднаш нешто да почне (или да престане) да работи било рамно на магија. Денес тоа го правиме целосно рутински и автоматизирано, до степен што ниту чувствуваме дека правиме нешто посебно, ниту пак дека сносиме некаква одговорност за тоа.

Од новиот филм со Сандра Булок болат очи

Не ни стигнавме да пишеме осврт за „Кутија со птици“, новиот дистописки трилер-хорор на Нетфликс, а тој веќе стана не само „меме“ туку и опасен предизвик. Толку опасен што стриминг сервисот мораше да издаде и формално соопштение.

Доминик Вест: „Колку често имам секс? Никогаш доволно“

Глумеше, меѓу другото, во серијата „Вајр“, покрај Џулија Робертс во „Насмевката на Мона Лиза“, во „Војни на ѕвездите - Фантомска закана“ и во шведската сатирична драма, „Квадратот“. Најтазе ни е неговата улога на писателот Ноа Соловеј во „Аферата“, чии четири сезони ги изгледавме со доза на „виновно задоволство“, де сакајќи го, де крајно мразејќи го неговиот лик.

Букбокс гледаше: „Зелена книга“ (2018)

Eден од оние „фил гуд“ филмови кој спојува ликови за кои во реалниот живот никогаш не би се обложиле дека би можеле да завршат во иста приказна. А тие се токму такви, базирани на вистински и необични луѓе, кои прават, барем за време на празнициве, да се чувствуваме дека има надеж за разбирачка и пријателство помеѓу различните.

Историја на „руската“ салата

Од сите контроверзни генези важни за човештвото, за време на празнициве нас нè измачи една мисла - дали има вистина во приказната за руското потекло на салатата, или тоа е уште еден словенски заговор кој е време да се разнебити?

„Паралели и парадокси: истражувања поврзани со музиката и општеството“ од Едвард Саид и Даниел Баренбојм

Годината ја завршуваме со мал јубилеј - двестотата Букбокс читанка, посветена на една тема која ни беше важна минатата година, прелевањето меѓу музиката и контекстот во кој таа се создава.

„Црно огледало: Бандерснеч“ (2018)

Серијата, која ја прогласивме за едно од најдобрите нешта што ѝ се случиле на популарната култура во последнава деценија, со овој филм преоѓа во долгометражни проекти. Но премиерата на првиот, кој на Нетфликс се емитуваше вчера, 28.12, не ветува.

За што (побогу) служи студирањето?

Однапред знаеме кои маани би можеле да му ги најдете на текстов. Ниту општеството им понудило „високо квалитетен идентитет“ на нашите студенти. Ниту пак нашите библиотеки се толку „неверојатно богати“ како оние на Харвард или на Јеил. Но овие совети би требало да важат од најзабаталената селска училница која се грее на дрва, до најпрестижниот универзитет. 

Кога Наполеон од досада учел англиски

Император, војсководец, за многумина генијален стратег. Во еден момент изолиран на крај на светот, во куќа без ви-фи и сателитски канали, а полна стаорци. Што може човек да прави во такви околности а да не полуди? Па - да учи странски јазик.