Bookbox

Еден од најзначајните антрополози на 20 век е можеби жена за која ретко кој слушнал. На 11-годишна возраст била киднапирана од племето Јаномамо, земјоделци од Амазон, па така знаела за што зборува кога го опишувала нивниот живот. Сепак, никој од академската заедница не ѝ обрнал внимание, иако нејзините искуства можеле да исправат некои погрешни претстави и да ѝ овозможат поспокоен живот, откако еднаш избегала во „цивилизација“.

Навидум ништо посебно - зеленикава мувла заштитена под стакло. Ама тоа е посебен примерок на габа која довела до откритието на пеницилинот, а наскоро ќе биде на продажба. 

Овие риби имаат нозе

Се викаат морски црвеногушки и имаат „тело на риба, крилја на птица и повеќе нозе, како краба“. Уште почудно - нозете им имаат сензори за вкус. 

Како тоа видеотеките изумреа, а книжарниците (фала богу) не?

Кога се појавија компјутерите, таблетите и мобилните, ретко кој продолжи да користи роковници и нотеси. Претходно зајмевме филмови од видеотеки, а сега низ светот нив ги има во многу мал број, само за носталгични „н'рдови“. Сите сакаат пристап до содржини со еден клик. Логично на сето ова - како и зошто опстануваат книжарниците?

Необичното значење на зборот „бруцош“

Вчера, 1 октомври, се одржа првиот академски час за студентите од прва година. Еден термин кој вообичаено се користи за нив има интересно потекло.

Како Аристотел може да ти го спаси животот?

Тешко е да се замисли како му било на Аристотел во негово време, кога не бил „древен“. Бил интердисциплинарен пред воопшто да постојат различни дисциплини, пишувајќи за филозофија, политика, психологија, етика, музикологија. Но како што се обидува да покаже Едит Хол, тој денес би можел да биде и „лајф-стајл коуч“, не за древни, туку за многу актуелни проблеми.

„Сожалување“ (2019)

На 4.10 (петок) почнува четвртото издание на фестивалот Киненова, со богата програма, која вклучува и еден интересен филм од таканаречениот „грчки откачен бран“ (Greek weird wave), кој ја замаглува стереотипната граница меѓу комедија и трагедија.

Зошто ни треба повеќе „не знам“?

Барем онлајн сите звучат како да се 100% сигурно во нешто, дека сè знаат, цело време. Блазе си им.

„Година на мајмунот“: нова книга на Пати Смит

Во новиот мемоар, музичарката и писателка ја опишува 70-тата година од својот живот. Книгата е главно мрачна и тажна, но со голема енергија да се раскаже и така да се преживее.

Пастафаријанство, или религијата чиј врховен бог е чудовиште од шпагети

Звучи како виц, но ова е реално општествено движење, со реални барања и принципи. Режисер ги следел три години за да сними документарец кој ја покажува борбата на членовите да ги добијат истите привилегии како и припадниците на другите, официјални религии.

Зошто не можеме веќе да се договориме што е вистина?

Не е ни до ботовите, ни до информациските „меури“, ни до лажните вести. Технологијата прави да веруваме дека имаме пристап до фактите, оние „вистинските“ и „реалните“. Проблемот е што не се едни факти за една работа, многу се.

Излегува нов (двоен) албум на Ник Кејв!

Главна тема на „Гоустин“ е „дух кој се сели“ од родителите во нивните деца. Уште од сега ни се тресат коски.

Се отвoра нов музеј на Курт Вонегат

Во 2011 во Индијанаполис, родниот град на Вонегат, се отвори мал музеј и библиотека, во премал, дониран простор. Наскоро стана јасно дека тој не може да ги собере сите документи и предмети. Вработените направија кампања и собраа 1,5 милион долари за да се преселат во ново и подостоинствено место во истиот град. Од 22-28 септември тој е отворен за „ѕиркање“ пред официјалното отварање.

Феноменот на „роустингот“

За оние кои никогаш не гледале шоу од ваков тип, станува збор за класична симулација на „столб на срамот“ - позната личност седнува на сцена додека други познати (и помалку познати) ги коментираат сите нејзини недостатоци. Зошто овој формат е толку бизарно привлечен и зошто никогаш не би успеал кај нас?

Психијатарот кој 40 години го контролирал животот на свој пациент

Доктор Ајзак Херсшкопф го убедил бизнисменот Мартин Марковиц да се откаже од своето семејство и да му го препише големото богатство нему. Сето тоа во име на подобро психичко здравје.

Човекот кој тргува со ретки плочи (и купил една за 37.100 долари)

Се вика Џон Тефтелер и продава и купува ретки плочи последниве 35 години. Специјалност му се блуз 78-ките, а неговата лична збирка содржи некои од најретките плочи на светот.

Цмиздрам, значи постојам

На литературен македонски би требало да е „лелекање“. А ако нема некој посоодветен збор тогаш тој треба да се измисли, за оној вид лигавење кое стереотипно им се припишува на разгалени деца, недоволно мажествени мажи и на мелодраматични жени.

„Фала за танцот“: најавен постхумен албум на Леонард Коен

Наскоро (22.11) ќе излезе до сега необјавен материјал на мајсторот кој почина во ноември 2016, на 82 години.

Планета на која наскоро нема да може да се живее

Насловите на поглавјата во книга која излезе на почетокот на оваа година -  „Смрт од жештина“, „Океани што умираат“, „Воздух што не може да се дише“, „Чума на загревањето“ - сами по себе можат да предизвикаат паничен напад. Но работата станува уште полоша кога човек ќе се зачита. 

Зборувате ли меѓусловенски?

Дури и на софра да има само еден Македонец и еден Словенец нема да има многу муабет ако обајцата не сакаат или не знаат да се најдат некаде на средина, околу некогашниот српско-хрватски. За разбирлива комуникација пак помеѓу претставници на повеќе словенски јазици е потребна поголема координација. Меѓусловенскиот е еден начин тоа да се постигне.

Затвор за украдени 7000 книги

Дарен Бар претходно не бил познат по ништо особено. Сега го судат како да е нарко бос - само што овој крадел книги.

Сите ќе умреме: како стравот од смртта ни влијае врз однесувањето

Тројца психолози покажуваат како вознемиреноста од мислата на смртта свесно и подсвесно влијае врз нашиот начин на живот. Чувството е толку застрашувачко, што луѓето прават сè за да најдат некаква утеха и чувство за смисла, од трупање статусни симболи до формирање заедници со истомислениците.

Зошто музеј во Амстердам ќе престане да го користи терминот „холандско златно доба“?

Во 17 век Холандската република станала светска сила, а нејзината просперитетна економија придонела за процут на уметноста и културата. Тоа било ера на еден Спиноза и Хигенс, на Рембрант и Вермер, која историчарите долго време ја нарекуваа „златно доба“ на земјата. Но еден холандски музеј реши да престане со оваа практика.

Корисноста на телефонските муабети

Не знаеме за вас, ама ние полека но сигурно го губиме трпението за телефонски разговори. Од непотребни воведни поздрави, до она бесконечно „ај“-„епа ок“-„ај“ на крајот кој никако да настапи, чувствуваме дека од таков вид епски муабети во ера на чет и мејл веќе нема потреба. Ама изгледа разговорот со глас сепак има некои предности.

„Најсилниот глас“ (мини-серија 2019)

Се вели дека за да се вовлечете во гледањето на некој филм или серија треба да се поврзете со главниот лик, да дозволите тој да ви влезе под кожа. Во случајов тој е толку гаден, што не сакате да ве опседне. Па сепак, не можете да престанете да го гледате. Не за друго, туку за да го дочекате моментот кога ќе го стигне некаква казна.

Откриени ракописни белешки на Милтон на прво издание на Шекспировите драми

Шекспир починал кога Милтон имал 8 години. Славниот автор на „Загубениот рај“ (на македонски препеан од Драги Михајловски) се смета за книжевен наследник на бардот. Но сега има и доказ за нивната духовна поврзаност. 

Колку заштита е доволно?: епидемијата на токсично родителство

Австралиски автор и директор на неколку училишта тврди дека е сè потешко да се раководи со ваква институција. Не поради децата, туку поради нивните родители.