Меѓу или интерсловенскиот се води како „зонски конструиран јазик“ базиран на словенските јазици, а негова цел е да овозможи комуникација помеѓу претставници на словенските народи, како и помеѓу оние кои не зборуваат ниту еден специфичен словенски јазик и Словените. Станува збор за полу-конструиран јазик, модерно продолжување на стариот, црковнословенски, но вклучува и различни импровизирани форми кои Словените ги користат со векови за да комуницираат во мулти-словенски околини и на интернет.
Сето ова значи дека меѓусловенскиот се води по принципот на зачестеност на некој збор или граматичка форма - прифатено е она што е препознатливо за максимален број словенски говорители. Како писмо се користат и кирилицата и латиницата, а принципот е јазикот (кој има и свое „знаме“ - горе) е да може да се пишува со помош на која и да е словенска тастатура.
Иако историјата на ваквото „словенско есперанто“ е долга, и се поврзува со хрватскиот свештеник Јурај Крижаниќ кој се обидел да создаде заеднички словенски јазик во 17 век, модерниот пандан на истото датира од 2006, кога неколкумина лингвисти почнале работат на она што во 2011, со спојување на повеќе проекти на слична тема резултирало со меѓусловенскиот.
Во ова кратко видео се објаснуваат основните принципи на јазикот, кој има само неколку стотини активни корисници, но кој е интересен како идеја и проект. Во популарната култура прв пат е употребен во филмот „Обоената птица“ на Вацлав Мархул, каде игра улога на неспецифициран источно-европски јазик. Слушнете го - прилично е разбирлив, иако за македонско уво сепак содржи и непознати зборови.