Bookbox

Родниот град на легендарната четворка ќе добие нова, oгромна туристичка атракција посветена на бендот. Проектот ќе ги оживее клучните места од историјата на Битлси, од нивното детство во Ливерпул до концертите во Хамбург, Лондон и Њујорк.

Отпорот да се биде прифатен од другите може да стане извор на политичка моќ. Социјалните мрежи овозможуваат постојано следење на јавното однесување: секоја изјава може да биде извадена од контекст, осудена и искористена против оној што ја дал. Стравот од нарушување на сопствениот углед ги тера луѓето да се самоцензурираат, да избегнуваат чувствителни теми и да ги приспособуваат своите ставови на она што се смета за општествено прифатливо. 

„Читајте!“ - би имала ли ефект ваква кампања кај нас?

Од Бил Козби и Опра Винфри до Даниел Редклиф и Стивен Хокинг – повеќе од 180 познати личности позирале со омилената книга во раце, во кампања на Американското здружение на библиотекари што трае веќе четврт век, а која порачува нешто едноставно: читајте.

Шпато: човекот што изработи дигитален каталог на неговите дела

Драга Ѓаконовски-Шпато (1931-1987), основоположник на македонската забавна и џез музика, има улица во Дебар маало. Но до скоро немаше едно место на кое можеа да се најдат неговите попознати и помалку познати дела. Еден ентузијаст „сас своите десет прсти“ го направи тоа за нас. 

Букбокс гледаше: „Саканиот“ (2026) или кога со скриени камери ќе ја снимиш првата средба на актерите кои добиле различно сценарио

Филм кој е омаж на филмските професии, особено на актерите. Ова го покажува почетната сцена во која режисерот Родриго Сорогоjен ги ставил Хавиер Бардем и Викторија Луенго пред камера како татко и ќерка што одамна се отуѓиле, без притоа да ги запознае. Од таа непријатност — од обидот да се воспостави близина без однапред изградена актерска хемија — стигнал до поголемите теми на филмот.

Нова претстава инспирирана од друштвената игра „Клуедо“

Познатата игра-мистерија за три до шест играчи била креирана во 1943 од музичарот Ентони Е. Прат, како начин да се преживеат непроспиените ноќи во текот на Втората светска војна. До денес таа е една од најпопуларите од овој жанр. Сега според неа e направена театарска претстава.

Кога Салвадор Дали потпишал 350.000 празни листови

„Секое утро после појадок сакам да го почнам денот со тоа што ќе заработам дваесет илјади долари“, изјавувал откачениот надреалист, кој освен што сакал да слика, да прави фаци на фотографии и да си ги сучи мустаќите, многу сакал и да прави пари. Ама еден таков обид создал хаос на пазарот на уметнички дела.

Наскоро на филм: двете деца од Даблин кои избегале со авион за Њујорк

Во 1985 две деца на возраст од 10 и 13 години се појавија на насловите страници на весниците низ светот откако без знаење на родителите се качиле на авион за Њујорк, по пат избегнувајќи ги сите можни контроли.

Кого удрам не жалам: јапонскиот спорт на фрлање снежни топки

Секоја година на 20 февруари на планина на Хокаидо почнува вистинска битка, со снежни топки и детални правила. И тоа не за деца, туку за професионалци во оваа работа.

Необичната појава на ликот на Хитлер на црковни витражи

Витражи во неколку цркви во Германија го портретираат Адолф Хитлер. Кои биле уметниците зад овие дела и каква порака пренесувале преку нив?

Дете на природата: приказна за еден од првите хипици

Вегетаријанец со долга коса, тотално незаинтересиран за пари, еден абез (намерно си го пишувал името со мали букви) бил композитор и автор на еден од хитовите на Нет Кинг Кол.

Нова книга: биографија на простатата

Изгледа дека нема поголема машка анксиозност од онаа поврзана со простата. Фамозната жлезда лоцирана директно под мочниот меур, вообичаено е на маргините на дискусиите за машкото здравје. Но таа е многу повеќе од медицинско прашање, бидејќи влијае врз тоа како ја разбираме машкоста, стареењето и сексуалноста.

„Вордл(е)“ - „заразната“ игра на составување зборови

Покрај толку игри и апликации, една бесплатна онлајн составувалка на зборови стана толку популарна што цел Твитер е преполн со споделени резултати во форма на мали обоени кутивчиња. Ако до сега не сте знаеле што се, еве можност и вие да се „заразите“.

Што можат да имаат заедничко хорор, народно и Марија Кири?

Бендот има шармантно име, а неговиот нов албум е базиран на графичка новела посветена на Марија и Пјер Кири. Необичното е што тој претставува мешавина на „радиоактивен“ фолк, на хорор традицијата во американската книжевност и на детално биографско истражување на животот и делото на спомнатите научници.

Забарот кој ја креираше „Катан“ - една од најпопуларните друштвени игри во светот

Со над 25 милиони продадени копии и преведена на повеќе од 30 јазици, „Катан“ неодамна се појави и во издание на македонски. Нејзиниот изумител почнал да се занимава со друштвени игри од мака, на тој начин усреќувајќи се и себеси и милиони луѓе низ светот.

Тивкото задоволство на држењето лутина

Благата лутина е нискокалорична верзија на гневот, разводнет презир, кој сепак нуди можност за преоценка на нашиот однос кон субјектите на нашето срдење.

Тарантино продава делови од свои сценарија во форма на незаменливи токени

Филмското студио Мирамакс го тужи режисерот откако тој го стави на аукција сценариото за „Палп Фикшн“, кое ќе се продава на NFT или незаменливи токени.

Музичари против употребата на рап стихови како судски доказ

Џеј-Зи, Мик Мил, Килер Мајк и голем број други музички имиња се помеѓу оние кои бараат промена во законот на државата Њујорк, со што би се ставило крај на досегашната практика, рап стихови да се користат како докази во кривични постапки против самите музичари.

Водич на ЦИА од Втората светска војна за саботажа на работното место ќе ви се види необично познат

Неодамна декласифицираниот таен документ на организацијата-претходник на ЦИА има интересен наслов - „Едноставен прирачник за саботажа“. Напишан е во 1944, но е изненадувачки релевантен денес.

Загубената уметност на закрепнувањето

Нова книга, мешавина на историски податоци и медицински совети, тврди дека понекогаш тешкиот процес на заздравувањето е дел од она што нè прави луѓе - тој не смее да се скратува ниту да се сили, затоа што последиците од недоволното закрепнување само ја продолжуваат и засилуваат болеста.

Германците одбраа „не-збор“ на 2021

Unwort des Jahres се бира од 1991 од страна на панел германски лингвисти. Не-зборот или погрдниот збор треба да привлече внимание кон дискриминација на одредена општествена група, да укаже на некаква предрасуда или погрешна претстава. Оваа година тој се однесува на односот кон мигрантите во Европа.

Нова претстава направена според серијата „Пики Блајндерс“

Креаторот на славната серија, Стив Најт, ја прилагодил за театарска сцена. Премиерата на претставата која е мешавина на мјузикл и танц се очекува на есен во „матичниот“ Бирмингем, а потоа таа ќе патува на европска турнеја.

Вистинската сестра Бенедета - инспирација за контроверзниот филм на Пол Верховен

Живеела на преодот помеѓу 16 и 17 век, а во историјата е запаметена како калуѓерка, католички мистик и лезбејка. Приказната за Бенедета Карлини е основа за филм кој го испитува судирот на една таква институција каква што е католичката црква, и поединците кои преку својата еретичка духовност се заканувале да ја нарушат нејзината стабилност.

Спонзорката на Чајковски со која тој разменил 1200 писма но никогаш не се сретнал

Порано се викале мецени, но како и да го толкуваме, станува збор за богати луѓе кои им помагале на сиротите сиромашни уметници да го работат она што најдобро знаат, а од кое инаку тешко би можеле да живеат. Мецената на Чајковски била една необична жена.

Радоста на студените куќи

Свесни сме дека звучи контроверзно некој да тврди дека е многу убаво да е студено среде зима, кога ем струјата поскапе, ем кој знае дали и колку ќе има парно. Но од друга страна, има ли па подобар момент да се зборува за малку стоицизам?

Носењето маски нè прави попривлечни

Во текот на пандемијава нема многу добри и охрабрувачки вести, ама ова може да биде една од нив. После неа ќе посакате маска да си носите и кога за тоа веќе нема да има потреба. 

Вистинската приказна зад мини-серијата „Градинарите“ (Landscapers)

Брачниот пар Сузан и Кристофер Едвардс во моментов отслужуваат казна од 25 години затвор за убиство на мајката и таткото на Сузан. Оваа серија сепак не е типична крими приказна.

Која била најлошата година до сега?

Во споредба со други и многу пострашни историски околности, тоа дека 2020 и 2021 биле „едни од најстрашните предизвици на човештвото“ звучат крајно лигаво и разгалено. Што е еден Ковид во однос на илјадници други ужаси?

Зошто јапонските тинејџери ја користат свастиката на социјалните мрежи?

Ја препознаваме како симбол на нацизмот и антисемитизмот, но свастиката е широко присутна во древните религии, вклучително и во делови на Азија, каде означува „среќа“ или „милосрдие“. Од пред некоја година младите Јапонци го актуелизираат симболот, веројатно несвесни за бремето коешто тој го носи.