Антидепресив на денот (и ноќта): несоница

Се чини како контра здравиот памет но терапии со неспиење се применуваат со децении и им имаат помогнато на илјадници луѓе кои страдаат од депресија. Накратко: да се заспива само секоја втора вечер.

Анти-депресивните ефекти на несоницата за првпат се опишани во една студија од 1959 година а сознанијата подоцна се надоградувани од германскиот истражувач Буркхард Пфлуг кој со темата се занимава во 70-тите години.

За пионер во клиничката пракса денес се смета професорот Франческо Бенедети кој неколку децении ја усовршува својата терапија во една миланска психијатриска клиника.

„Недостатокот од сон има крајно спротивни ефекти кај здрави и кај депресивни луѓе. Ако сте здрави и не сте наспан, тоа лошо ви влијае врз расположението. Но, ако страдате од депресија, несоницата може да ви го подобри расположението и когнитивните способности. Како некој да ви го потчукнува забавениот часовник,“ вели Бенедети кој почнува да ја развива праксата во 90-тите, кога станува јасно дека популарниот Прозак не е семоќен, особено не кај депресијата на биполарните личности.

Главниот проблем е во тоа што кога организмот кој е испостен од неспиење конечно ќе се добере до сон, шансите да влезе во релапс се околу 95%. 

Бенедети има комбинирано разни елементи за да го избегне овој ефект и на тој начин ја има развиено својата тројна хроно терапија (нема врска со диетата). Се работи за комбинација на неспиење, литиум и изложеност на силна светлина (техника што се користи во авијацијата за одржување на будност кај пилотите) и со која организмот систематски се лишува од спиење, со паузи од 24 до 48 часа.

Бенедети и екипата имаат помогнато на илјадници пациенти.

 

4 мај 2019 - 08:39