Здравје

Четири типови луѓе што не ги вакцинираат децата

"Колебање околу вакцинација" е термин кој СЗО го дефинира како "одложување на прифаќањето или отфрлањето на вакцините и покрај достапноста на можноста за вакцинација." Тенденцијата овие луѓе да се третираат како противници на вакцинацијата е штетно за сите, пишува Џули Бек во Атлантик.

Како народната кинеска медицина го доби својот Нобел

Јују Ту годинава ја доби Нобеловата награда за медицина за откривањето на лек против маларија, артемисинин, на кој почнува да работи уште во 60-те за време на Виетнамската војна. Нејзина задача во тоа време е да патува по кинеските села во потрага по "тајни лекови".

Та не е саде Шкрели, та не е саде Дараприм

Туринг Фармасутикалс за целата човечка драма, клетви и омраза што ги навлече, треба да му се заблагодари само и само на ЦЕО-то Мартин Шкрели. За разлика од нив, професионалците од Фајзер, за една година ги кренаа цените на 133 лекови и за тоа не се слушна ни глас.

Сите сте посилни од билдер, ама немој да пробувате

Грам за грам мускулите на бодибилдерите се послаби отколку оние на луѓе кои никогаш немаат допрено тегови, тврдат истражувачи кои очигледно сакаат да ни направат проблеми на врата.

Или самоконтрола или добро памтење, двете тешко

Способноста да се практикува самоконтрола и да се заузди импулсивното однесување се смета за клучна одлика на мозокот. Подеднакво важна карактеристика на мозокот е и меморијата. Излезе дека овие две функции си штетат една на друга.

Колку имаме контрола над нашата тежина?

Една американска ЈуТјуб комичарка и 68% од американската популација, веруваат дека дебелите сами се виновни за тоа што се дебели. Точно е, ама не е така.

Ако цупкаш со нога, не мора да вежбаш

Најиритантните луѓе во вашата близина, оние што несвесно цупкаат со нога додека седат, од науката добиваат неочекувана поштеда. Таквите не морале да вежбаат за да ги анулираат проблемите предизвикани од долгото седењето.

И Трамп потврди дека вакцините предизвикуваат аутизам

За време на републиканската претседателска дебата, Трамп со самоувереност карактеристична за секој противник на вакцини кој држи до себе, објасни дека аутизмот прераснал во епидемија и дека за тоа се одговорни вакцините.

Антибактериски ветар и магла

Логиката е дека сапуни што се продаваат како антибактериски треба да бидат совршено добри, или барем подобри во убивање на бактерии отколку обичен сапун. Науката излезе дека антибактерискиот не е ништо подобар од обичниот сапун.

Што му се случува на твоето здравје ако не земеш одмор

Консензусот во редакција е - земи две недели одмор, па и никаде да не одиш, пак убаво е да ти се промени денот, друго е. Ова "друго е" го потврдува и медицината.

Со мала плата, секако пушиш

Јер овдешнава влада е страшно ревносна во битката против пушењето (истовремено во нашиот Апсурдистан се субвенционира производството на тутун), еве еден фин и научно валидизиран пристап кон решавање на проблемот: покачете им плати на луѓето кои ги контролирате. Или тие ако пушат? 

Можете ли да се замислите на плажа?

Иако има луѓе кои само тоа и го прават, особено додека се на работа, за еден во 50 луѓе тоа е невозможна мисија. Може да замислите да не можете да замислите?

Британија под истрага на О.Н.

Истрагата е по основа на сериозно прекршување на човекови права, откако во рок од 6 недели по укинувањето на статусот неспособен за работа и правото на социјалната помош, починаа 2.380 лица со инвалидитет.

Вошки фативте од тоа селфињата

Според една многу лабава теорија неочекуваниот скок на бројот на заразени постари деца во споредба со пред 5 години е последица на "вошки од социјални медиуми".

Школскиот ден треба да почне подоцна

Будењето деца за на школо зимно време (во погрешната временска зона во која упорно остануваме) личи на будење јадни фабрички работници. Данокот го плаќа нивното здравје и образовниот успех. Америка мисли да поместува.

Не, не ти требаат 8 чаши вода на ден

Во 1945-та, американскиот борд за Храна и нутриција објавува препорака дека на луѓето им се потребни 2,5 литри вода на ден. Ова станува мантра на секој доктор и нутриционист. Она што сите тие го имаат пропуштено е дека препораката продолжува со "најголемиот дел од оваа количина е содржана во храната што ја јадеме."

За луѓе со едно многу конкретно нетрпение кон другите

Станува збор за една неодамна дијагностицирана состојба, од која страдаат мал број на луѓе, и која има многу мала но пркосна заедница на научници кои ја изучуваат - мизофонија – наплив на гнев од звукот на џвакање храна.

Еден бауч кружи над американските глави

Мислевте само ние ќе ќариме од еволуцијата? Мутрирани вошки, отпорни на сите познати средства против нив, сериозно се шират низ градовите на Америка. Веќе добија таблоидно податливо име "супер вошки" а почнаа да фрчат медиумски предупредувања од типот: "Кријте ги децата, кријте ги главите!". Чешањето може да започне.

Цел живот е лага и измама

Витамин Ц (суплементот) не помага во лечење настинка. Можеби помага во лечење на други болести, ама настинка ниту лечи, ниту некогаш лечел.

Сите девојки гласно да викнат: ВАГИНА!

Збор кој се однесува на вашето тело не може да биде срамен и непристоен збор. Затоа, викнете слободно и гласно. Ако сте помлади, не сте ослободени од обврската. Напротив.

Како да дебатираш со скептици за вакцини

Научна студија тргнува од тоа дека е речиси невозможно да дебатираш со противниците на вакцини користејќи факти и наука, и стига до заклучок дека тоа што ти треба се слики од деца кои не биле вакцинирани.

Парите не растат на дрвjа, освен ако не живееш до нив

Живеење во населби со повеќе дрвја и зеленило не само што внесува аристократски нијанси во секојдневното битисување, туку и генерално го прави животот подобар.

Пешачи во име на мирот во глава

Ако може да им се верува на луѓе кои цел живот учат и работат на темава, прошетка во парк или во природа го смирува мозокот и притоа го менува и неговото функционирањето на начин кој е добар за нашето ментално здравје.

Трувада, апчето што спречува ХИВ

Американската федерална агенција за лекови го има одобрено лекот Трувада како третман за спречување на ХИВ инфекција. Ова е прво вакво лекарство што има добиено дозвола од агенцијата за лекови.