Џејмс Диниколантонио во Солениот фикс (The Salt Fix) тврди дека СЗО, американските и британските здравствени тела комплетно грешат во своите препораки да се намали консумацијата на сол. Според него, солта е неопходна и добра за нас, а внесувањето повеќе сол "ќе ја намали количината шеќер во нашата исхрана и ќе ни помогне да ослабеме." Меѓу другото тој тврди дека исхраната со малку сол предизвикува кршливи коски и губење меморија.
"Наместо да ја игнорираш желбата за сол, треба да ја послушаш, таа те води кон подобро здравје. Најголемиот дел од нас немаат потреба да се на исхрана со ниски нивоа на сол. Всушност, за најголемиот дел од нас, повеќе сол би било подобро за нашето здравје отколку помалку.
Во меѓувреме белиот кристал што го демонизираме сите овие години е осуден за сметка на друг, кој е толку сладок што одбиваме да помислиме дека можеби не е бениген. Бел кристал, кој ако се консумира во претерани количества, може да доведе до висок притисок, кардиоваскуларни болести и хронично заболување на бубрезите: тоа не е солта, туку е шеќерот," пишува Диниколантонио.
Од таборот што не се согласува со него објаснуваат дека иако авторот "веројатно мисли добро" тој е еден од оние "што веруваат дека секоја смрт на светот е предизвикана од шеќер." Тие ги наведуваат и искуствата од Британија и Финска, каде намалувањето на внесот на сол одиграло голема улога во падот на смртни случаи од срцеви удари.
Диниколантонио во разговор со Гардијан ги отфрла критиките, објаснувајќи дека тој се залага за нормално внесување сол, што според него е меѓу 7,5 и 15 грама на ден. Дневниот таргет што тој го брка е меѓу 3 и 6 грама натриум. (Натриумот сочинува околу 40% од солта.)