Осомничени се протонските ингибитори ППИ (Proton pump inhibitors) кои ја неутрализираат желудочната киселина но истовремено за 2,4 пати го зголемуваат ризикот од добивање стомачен канцер.
За линкот меѓу овие инхибиторити ракот се говореше и претходно во академската заедница но се претпоставуваше дека во развој на ракот улога игра и хеликобактери. Истражувањето на Универзитетскиот колеџ во Лондон и Универзитетот во Хонг Конг покажало дека и кога таа ќе се извади од равенката, ризикот останува ист.
Освен ППИ, во фармацијата се користи и друг вид блокатори, H2, но за нив не е утврдена поврзаност со шансите за рак.
Дневното користење на лекови со ППИ повлекува 4,5 пати поголеми шанси за рак отколку ако се зема еднаш неделно. Ако тие лекови се користат повеќе од една година, ризикот е пет пати поголем а ако навиката трае преку три години - осум пати.
Ама па вршат работа, да му се невиди.