Глобални истражувања покажуваат дека околу 14% од децата имаат проблем со слухот заради предолгото слушање гласна музика на своите мобилни уреди, укажува доктор Дејвид Вренч од аудиолошкиот департмент на универзитетот во Окленд.
„Кај овие случаи може да се измери загубата на слухот во поглед на опсегот на фреквенциите а имаат и проблем со перцепција на звукот во гласни средини поради постојаното ѕвонење во ушите“, вели тој.
Промените треба да бидат изведени прво во општествената перцепција на овој проблем. Пушењето е штетно и тоа заедницата веќе не го толерира но истата таа е индиферентна кон други проблеми како што е овој а кој може да доведе до трајни последици кои ќе го деградираат квалитетот на животот на поединците ќе ги изолираат од нивните најблиски.
Максималната доза звук кој може да се слуша пролонгирано е 85 децибели а некои модели на таблети и смартфони создаваат 120 децибели (а младите најчесто слушаат преку слушалки). Некои популарни брендови телефони на секој нов модел додаваат плус 25% јачина на звукот кој го дава уредот.
Два часа слушање музика преку тој лимит од 85, на пример на 91 децибел, кај децата создава проблем ист како да одработиле цела смена во гласна фабрика или погон каде употребата на заштитни средства би била пропишана со закон.
Сепак, не можеш бе ова тивко да го слушаш: