Заплената на имотот е заради долг на Ваки кон банките во износ од 10,5 милиони евра. Во оваа транша меѓу другото е запленет и неговиот удел во голф теренот во близина на Болоња.
Не дека кредиторите не можат да видат на Инстаграм дека Ваки има пари, стравот е дека освен кај нив тој може да има скриени долгови и на други места, па побрзале да ја заштитат инвестицијата.
Реакцијата на Ваки е дека "ова е само мал долг", кога ќе се земе предвид вредноста на неговиот семеен бизнис, конгломератот за индустриски пакувања и фармацевтски производи, ИМА. Неговиот удел во дивидендата на ИМА изнесува околу 5 милиони евра годишно.
Приказната на Ваки е дека по 20 години работење во семејната бизнис империја, тој доживува епифанија и се одлучува да се откаже од сето тоа во корист на дремење покрај базен, возење јахти и дружење со убавици од типот на актуелната девојка Арианда Гуитерез, поранешна мис Колумбија. Најверојатно е дека Ваки го знаете од Инстаграм, а уште поверојатно е дека прв пат го имате видено на ова видео: