Иако обично научниците се маткаат со проблеми поврзани со работи вон домот како: преработеност, прејадување, пиење, пушење, дрогирање... сега се фатија за дремките, и тоа конкретно тие што траат подолго од 40 минути.
Нивниот заклучок е дека попладневните дремки со траење од 40+ минути „го зголемуваат ризикот од повеќе телесни пореметувања“.
Студија што опфаќа 300.000 испитаници ја поврзува попладневната дремка со нарушување на метаболизмот, што доведува до дебелеење, висок крвен притисок и зголемен холестерол.
Истражувањето го спроведува АЦЦ (American College of Cardiology), од каде заклучуваат дека проблемот е што кога телото денски спие повеќе од 40 минути, тоа почнува да си „замислува“ дека е во длабок сон, што значајно влијае на метаболизмот.
Истиве луѓе продолжуваат со црната кампања, па објаснуваат дека не само што штети на здравјето, дремката по завршување ги прави луѓето поуморни отколку што се.
Сите овие заклучоци се строго поврзани со рокот на траење на дремката и периодот од 40+ минути. Научниците и нивните резултати и понатаму немаат проблем со попладневно хибернирање на тросед во дневна до половина час.