Плановите за викендашко надополнување на дефицитот отспиени часови можат само сметководствено да завршат работа па на крај на недела да имате доволен број часови во сон, ама од тоа нема вистински ќар.
13-годишно дете со тип-1 дијабетес умира откако неговите родители го носат на хербалист (тревкар), кој му го укинува инсулинот и му препишува масло од лаванда што родителите требало да му го мачкаат по 'рбетот. Наодот на судскиот вештак покажува дека детето ќе останело живо ако добиело соодветна докторска нега.
Француско семејство оди на годишен одмор на Костарика и тоа во состав татко, мајка, деца и сипаници. До тогаш Костарика тера серија без ниту еден случај на сипаници од 2014.
Изгорен тост може да ги изложи луѓето на повеќе загаден воздух отколку ако стојат на улица сред сообраќајна гужва. Ништо полесно не се минува ни со печењето месо.
Иако нема човек што се налева со жесток (или помалку жесток) алкохол и утре дента ќе помисли - ова мора да е здраво за мене; приказната е многу поинаква кај луѓето кои самоуверено се закачени на лајт или без шеќер газирани пијалаци.
Доволно е едикојси научник лежерно да нафрли неодговорна проценка, тоа да го грабнат неколку медиуми (има ли појак наслов за лајкови од „За една година ќе имаме лек за рак!“), а колективната амнезија да се погрижи да имаме чувство дека сево ова ни е првпат.
Тинејџери израснати со анти-ваксер родители стравувајќи од сите можни заболувања почнаа по интернет форуми да бараат помош како тајно да се вакцинираат, објавува Салун.
Вашингтон е последно од неочекуваните места во кое надлежните прогласија епидемија на сипаници. Нашиве антиваксери последниот пат се бунеа дека овде била прогласена епидемија од премал број случаи. На Вашингтон од 7,2 милиони луѓе им беа доволни 30-тина случаи да го сторат истото.
Проблемот со многу корисните здравствени информации на интернет е што најчесто се обраснати со плевел од надрилекари, дилетанти и злонамерници со сопствена агенда.
Тоа што регуларна газирана (или каква била) пијачка ќе ја замениш со нејзина диетална верзија нема ништо долгорочно да ти смени ни во слабеење, ни во здравје.
Ја видовме Топ 10 листата на Светската здравствена организација за здравствените опасности во 2019-та година и да знаете дека во Македонија речиси сè си имаме. Уште ебола и денга да нè спопаднат па да можеме со право да кажеме дека сме „светот во мало“.
Сè помалку Американци умираат од рак, ама затоа, бројот на сиромашни се зголемува во однос на бројот на богатите. А од рак најмногу умира сиромаштијата.
Ви тече нос, имате температура, едвај стоите на нозе, а сепак се силите да работите од дома? Мобилноста, чувството на вина и компетитивноста, прават денес човек да не е раат ни кога е болен.
Последната студија на британскиот остров покажува дека просечно дете ја јаде количината шеќер која му е доволна да стигне до полнолетство веќе на 10 годишна возраст. Слатки тие на мама и тато.
Моментално главниот столб на козметичката индустрија е негата на кожа, каде посебно доминира категоријата „против-стареење“. Драмата што моментално се случува со загадувањето во градовите низ светот почнаа да и даваат снага на една досега речиси непостоечка категорија козметички производи „против загадување“.
Во најблагородната традиција лекарот прво на свој пример да го провери она што им го советува на пациентите, група педијатри голтнале по една Лего коцка, повод по кој често им доааѓаат унезверени родители а тие им викаат да не паничат. И така е, да не паничат.
Мед и лекови за кои не треба рецепт треба да бидат првата линија на одбрана за најголемиот дел луѓе што закачиле кашлица, стои во новите британски здравствени препораки чија главна цел е справување со проблемот со отпорност на антибиотици.
Пораката е со Попај да не се претерува. Еден од најчестите здравствени проблеми за кои луѓето не се свесни е поврзан со железото во крвта. Ама не со неговиот дефицит.
Како што започнаа, веќе традиционалните, есенски пожари низ Калифорнија така тамошните власти препорачаа граѓаните да почнат да користат N95 маски (бројката означува дека филтрираат најмалку 95% од честичките). Како што народ почнаа да слуша препораки, така аптеките низ големите градови останаа без ниту една маска.
Долго се очекуваа резутатите од едно повеќегодишно истражување за долгорочните ефекти од земањето витамин Д и рибино масло како суплементи. Конечно излегоа. Некој џабе се клука.
Една многу примамлива логика вели дека путерот (и останати заситени масти како месо, сало, млечни производи) се погрешно осудувани како штетници, и дека целата вина треба да падне на шеќерот. Не е баш така како што звучи.
Пред да добие залет и религиозно посветени следбеници, авансно да проговориме за нешто што се вика - алкална вода. Производот треба да е нешто на раб на еликсир на животот, и во јавност има силен грб (Бијонсе, Том Брејди), а во науката не баш.