Испитувањето е правено конкретно за заболувањето емфизем кое предизвикува кашлање, немање воздух и слични проблеми, а заклучокот е дека високото ниво на загаден воздух во градовите „може да предизвика прогресирање на болеста со иста брзина која се очекува кај луѓе што пушат по цела кутија цигари на ден.“
Во студијата се следат над 7000 учесници во периодот меѓу 2000 и 2018. Сите се од големи урбани центри во САД со загаденост на воздухот помала или речиси колку онаа во Скопје.
„Бевме изненадени колку е силно влијанието што загадувањето на воздухот го има врз напредувањето на емфизема. На исто ниво е со ефектот од пушење цигари, кој до сега беше најпозната причина што го предизвикува ова заболување,“ објаснуваат од Универзитетот во Вашингтон.
Она со што истражувачите сакаат да ги утешат своите сограѓани е дека во периодот покриен од студијата се забележува мал пад на нивоата на штетни честички во воздухот во САД.