Логиката зад ова е дека опкружувањето со природа има свои здравствени бенефити. Кога тоа ќе се искомбинира со штетноста од „изолирање од општеството“ се доаѓа до терапијата за групно градинарство.
Докторска ординација од Манчестер ова го адаптира на своите потреби, па на своите пациенти им препишува работа на градинарски проекти, на земјиште на ординацијата, во кои луѓе се собираат и заедно растат храна и работат во градина. На пример, на долгогодишните пациенти со ментални заболувања им се препишуваат градинарски парцели, во рамки на дворот на болницата, во кои пациентите минуваат време работејќи и социјализирајќи се со други луѓе.
„Има навистина неискористен простор во болниците, па треба да се почне тој простор да се користи за нешто добро. Плус добиваш свежо овошје и зеленчук токму онаму каде што им треба на луѓето,“ објаснуваат луѓето зад проектот.
Освен што пациентите работат, докторите ја користат градината и како ординација во која ги следат и консултираат пациентите.
Проектот е на организацијата Посеј го градот, кои работат директно со болниците за да утврдат колку простор имаат и да одлучат која варијанта на зеленило најмногу им одговара. Откако тоа ќе завршат, тие имаат неколку сесии за обука на пациентите за работа во градина. По ова на пациентите им се препишува парцела или растение што треба да го одгледуваат.