Како тоа никој не пуши, а тутунската индустрија заработува милијарди?

Во 2015, најголемите 6 производители на цигари прават поголем профит од Дизни, Кока-кола, Гугл, Мекдоналдс, Старбакс и Федекс, заедно. А тоа не се пари што се прават во свет што не пуши.

Главната мерка што се користи во борбата против пушењето, и е неспоредливо поделотворна од сите одвратни налепници заедно, е зголемувањето на данокот на цигари (и останати призводи од тутун).

Откако на народ му стана јасно дека државата ќе го даночи нивниот тутунски мерак и ќе треба да плаќаат поскапо за кутија цигари, производителите решија да се накачат на ова и да ги поскапат своите премиум цигари. Во исто време тие ја намалуваат цената на најевтините цигари, со што делумно на своите посиромашни муштерии им ја субвенционираат цената на цигарите која е порасната заради зголемениот данок. Целта на стратегијата е да не се изгубат сиромашните муштерии, додека намалената цена делумно ќе биде компензирана од побогатите муштерии. Притоа треба да се има предвид дека сиромашните слоеви стандардно се главните потрошувачи на тутунската индустрија.

На сето ова се придодадоа и инфлуенсери низ светот, за кои допрва се дознава дека имале тајни договори со производителите на цигари за да ги рекламираат нивните производи. Нивната задача е да направат пушењето повторно да изгледа кул за цела нова генерација на луѓе.

Последната мерка е освојување на земјите во развој: Африка, Индија, југо-источна Азија, како области кои последниве две децении не се бомбардирани со анти-пушачки кампањи.

 

13 септември 2019 - 15:42