Здравје

Аутизам: пола од вакцини, пола од сè друго

Вакцинацијата е доминантен фактор на ризик за појава на аутизам, покажува нова и досега најсеопфатна анализа на 136 студии. Постојат повеќе фактори за зголемувањето на бројот на случаи на аутизам, од генетика до надворешни влијанија, но вакцинацијата е најзначајниот двигател и еден од ретките што може да се спречи, покажува извештајот од Фондацијата МекКалоу.

Музиката помага да се спречи деменција

Музиката со векови наназад се користи како терапија за смирување. Ново истражување покажува слушањето музика или свирењето инструмент може значително го намали ризикот од развој на деменција кај луѓе на возраст над 70 години. Не се експериментирало со музички стилови, но се препорачуваат мелодии што асоцираат на моменти од младоста.

И да не ви симнат килограми, инјекциите за слабеење штитат од срцев удар

Придобивките од инјекциите за слабеење Вегови и Оземпик се многу поголеми од нивната оригинална намена. Според ново истражување, тие значително го намалуваат ризикот од срцев или мозочен удар кај корисниците, без оглед дали воопшто ќе им ја намалат тежината. Најголем позитивен ефект врз здравјето на срцето имало топењето на маснотиите во стомакот.

Седата коса можеби е знак за добра одбрана од рак

Побелената коса е белег на стареење, но не е само тоа. Може да биде и поволен знак за биолошки процес во телото кој го намалува ризикот од развој на рак. Јапонски истражувачи забележале врска помеѓу седите влакна и меланоми. И едните и другите ги создаваат матични клетки, кои на различен начин реагираат на оштетувања на ДНК под влијание на стрес.

Бионички чип во окото лекува старечко слепило

Електронски имплант двојно потенок од влакно им го вратил видот на првата група пациенти на кои им бил вграден во окото. Лицата што страдале од дегенеративно „старечко слепило“ можеле да повторно да препознаваат лица и да читаат. Револуционерниот третман се споредува со ласерските операции на окото и може да им го подобри квалитетот на животот на милиони луѓе.

Умот го достигнува врвот на 55-60 години

Спортистите го достигнуваат својот максимум до 30 години, шахистите до 40, но ако се сумираат сите квалитети на човековиот ум, тие го достигнуваат својот максимум на 55 до 60 години, покажува ново истражување. Луѓето на оваа возраст се најефикасни за решавање сложени проблеми и лидерство. Ете им научен аргумент на властите да ја зголемат возраста за пензионирање.

Деца врзани на социјалните мрежи послабо читаат и паметат

Децата што подолго време остануваат врзани на социјалните медиуми подоцна покажуваат послаби резултати на тестовите за читање и паметење, потврдува ново истражување. Принципот на кој функционираат мрежите и нудењето лавина од површни содржини ја намалува потребата за концентрација и целосно ја менува способноста на умот за обработка на информациите.

Антибиотиците ја губат битката

Светската здравствена организација пријавија остар глобален пораст на инфекции отпорни на антибиотици во болниците. Експерти предупредуваат дека бактериите ја надминале критичната точка во својата битка со лековите, поради што бројот на смртни случаи предизвикани од овие инфекции може да се зголемат за уште 70% на смртни случаи до средината на овој век.

Кенеди: Обрежувањето го дуплира ризикот од аутизам

Американскиот министер за здравство го посочи и обрежувањето на новороденчиња како фактор за зголемување на бројот на случаите на аутизам. Вели дека двојно го зголемува ризикот. Причината не е самиот оперативен зафат што се практикувал со векови наназад, туку вообичаеното препишување Тиленол (парацетамол) за да им се ублажи болката на обрежаните момчиња.

Црн дроб од свиња успешно пресаден на човек

Кинески хирурзи се првите што успешно пресадиле дел од црн дроб на свиња во тело на човек. Трансплантираниот дел ја извршил својата функција и помогнал да се регенерира целиот орган. Бил отстранет по 38 дена, бидејќи пациентот веќе бил загрозен од напреден рак и цироза. Целта е органи од свиња барем привремено да спасат пациенти додека чекаат соодветен црн дроб од човек.

Прв тест за откривање на подмолниот хроничен замор

Развиен е првиот тест за дијагностицирање на Синдромот на хроничен замор. Уште не се познати причините за оваа состојба која се развива бавно и може да биде препознаена дури кога ќе ги преоптовари телото и умот. Останува без дијагноза во 90% од случаите. Зачестил по панедемијата и се поклопува со долгиот ковид, што укажува дека од синдромот веројатно страдаат стотици милиони луѓе.

Да си преслаб е бетер отколку да имаш вишок

Во свет каде што виткоста најчесто се изедначува со здравјето, една нова данска студија го превртува наративот на глава: малку прекумерната тежина, па дури и благата дебелина, не е толку страшна по должината на животот како што се мислеше досега. Обратно, тоа може да биде и подобра форма отколку да е човек слаб.

САД ја укинаа препораката за вакцинирање против ковид-19

Центрите за контрола и превенција на болести повеќе не ги препорачуваат вакцините против ковид-19. Американците ќе може да се вакцинираат на доброволна основа. Од лекарите се бара потемелно да ги информираат пациентите за придобивките, но и за ризиците од вакцините. „Се врати согласноста врз основа на информираност“, изјави директорот на ЦДЦ, Џим О’Нил.

Репрограмирани матични клетки од човек подмладиле мајмуни

Генетски модифицирани матични клетки од човек трансплантирани кај мајмуни ги поништиле клучните знаци на стареење. Биле подмладени 10 главни физиолошки системи и 61 тип на ткиво. Третираните мајмуни имале подобрена меморија, поздрави мозочни структури, посилни коски и обновена репродуктивна функција. Притоа не се појавиле тумори и не биле оштетени ткивата.

Илјадници жени што развиле мозочен тумор го тужат Фајзер

Фајзер на суд ќе се брани од колективната тужба на повеќе од 1.000 жени што тврдат дека развиле тумор на мозокот по користење на хормонско средство за контрацепција. Фармацевтскиот гигант не ги предупредил потенцијалните корисници и лекарите за ризикот од развој на интракранијален менингиом ако инјекцијата Депо-Провера се користи повеќе од една година.

Оплодиле јајце-клетка создадена од кожа 

Американски научници го потврдиле контроверзниот концепт дека е возможно да се создаде човечки ембрион без биолошка мајка, со генетски материјал од двајца мажи. Наместо јајце-клетка успешно оплодиле генетски манипулирана и осакатена клетка од кожа. Сите рани ембриони создадени во експериментите имале хромозомски абнормалности и не можеле да се развијат во бебе.

Кинески лепак за коски санира фрактури за три минути

Научници во Кина развија хируршки лепак кој овозможува речиси инстантно лекување на фрактури кои со традиционалните третмани заздравуваат со месеци. Откако ќе ја изврши функцијата лепакот се разградува во телото. Се избегнуваат сложени операции на вградување метални шипки, кои може да бидат отфрлени од телото или треба да бидат отстранети со нова операција.

Со вештачките засладувачи го забрзувате Џо Бајден во себе

Истражување утврдило сериозна поврзаност на користење вештачки засладувачи со пад на конгинитивните функции како што е размислувањето и меморијата. На умерените потрошувачи стапката на опаѓањето била за 35% а на сериозните косументи дури за 65% повисока. Мозокот предвреме им остарел 1,6 години.  

Производителот на „тиленол“ со години го криел ризикот од аутизам

Медиумите и експертите за јавно здравје, сè до СЗО, го отфрлаат заклучокот на претседателот Трамп и министерот за здравство Роберт Ф. Кенеди Џуниор, дека лекот тиленол земан во текот на бременоста е поврзан со зголемување на случаите на аутизам. Не и производителот на лекот, кој со години знаел за ризиците и наместо да ја предупреди јавноста барал начин да ја избегне одговорноста.

Здрави гени и јогурт се испробан рецепт за долговечност

Нутриционисти и лекари не бомбардираат со информации за диети, вежби и други рецепти со кои човек може да си го продолжи животот. Сега прв пат е спроведено темелна студија на конкретен пример. Научници ги истражувале гените, протеините, метаболитите, микробиомот и животните навики на своевремено најстарата жена на светот. Нивниот заклучок накратко: Јогурт три пати на ден.

Прв пат излекувани пациенти од Хантингтонова болест

Лекари првпат успеаја да излекуваат пациент од Хантингтонова болест, една од најсуровите и најразорните за мозокот. Болеста генетски се пренесува и немилосрдно ги убива мозочните клетки предизвикувајќи симптоми што се комбинација од деменција, Паркинсонова и моторна невронска болест. Третманот е сложен и скап, но надеж дава успехот од 75% при првичните истражувања.

Трамп: Парацетамолот е причина за аутизмот

Администрацијата на Трамп тврди дека нашироко користениот лек тиленол, кај нас познат како парацетамол, е главната причина за аутизмот кај децата. На денешната прес-конференцијата, која ја опиша како „историска“, тој ќе претстави и лек со кој може да се третира аутизмот, кој е дијагностициран со повисоки стапки кај децата во САД во изминатите неколку децении.

Здравите црева бараат гушкање

Пре-, про- и пост-биотиците се популарна, скапа и слаба замена за она што треба да го прават, да ја обноват здравата цревна флора која е исклучително важна за општото здравје. Постојат поефикасни природни начини да им помогнете на цревата и нивниот микробиом. На пример, малку да ги извалкате рацете. На пример, да гушнете некого. 

Колку долго треба да можете да стоите на една нога?

Нашите тела се менуваат како што старееме: од брчки до слабеење на меморијата и способноста за варење одредена храна. Освен ако не сте по јогата, не се случува често да треба да стоите на една нога. Нормално, не сте фламинго. Но, краток тест може да открие доста за вашето физичко здравје. Стоењето на една нога може да биде добар показател колку добро стареете.