Занимливости

Тато, врти ме!

Секоја култура си има своја, таканаречена „родителска етнотеорија", за тоа кој е вистинскиот начин да се воспитува дете (нешто како свекрва, ама на ниво на општество). Ова се избори кои ги правиме несвесни за нив, иако на некој аутсајдер тие му се очигледни, особено кога се очигледно погрешни.

Зошто пиратите носеле онакво преку око?

О, глупо прашање, о, морес! Па нормално дека носeле превез затоа што го изгубиле окото во некоја жестока морска битка или мечувалски двобој! Е па, не!

Шампионат кој ѝ треба на Македонија

Во Сан Диего, за прв пат на национално ниво, Америка го бара својот шампион за смеење.

Што ако го снема Сонцето?

Откако утврдивме дека без кислород не нè бива ни 5 секунди, да видиме што ќе се случи ако Сонцето одеднаш го снема. Приказната започнува 8 минути потоа.

Гугл бара да не го ставаме секогаш во уста

Сигурно некогаш вие или некој до вас рекол: "Ја знам неа, ја гуглав" или "Јасен ми е проблемот, сум го гуглал". Е па, на Гугл му пречи тоа.

Награда за преку к...

Бил Гејтс за вас има награда од 100.000 долари ако успеете да го одушевите со концепт кој ќе го подобри светот на кондомите.

ОК прослави роденден

Точно пред 174 години се роди фраза која е еден од најраните примери за вирално ширење на зборовите. Одиме на повеќе, ок?

Ми се чита, ми се плаче

Денешните книги содржат 14 проценти помалку емотивна содржина отколку оние што се пишувале на почетокот на минатиот век. Ама затоа се побогати со параноја.

Што ќе се случи ако снема кислород на 5 секунди?

Да де, кој не може да издржи 5 секунди. Во меѓувреме – ова.

Некој ќе најде сад, некој никад

Бела чинија купена на оние гаражни аукции за цена од три долари, деновиве е продадена преку Сотби за 2,2 милиони долари. Па мамата мамина!

Кој до каде може без пари?

Речиси 70 студенти од Даблин се поделиле во групи и учествувале во трката кој до каде може да стигне за ден и пол, без пара во џеб. Чудо е до каде сè дофрлиле.

Американци си ги мерат среќите

И за Соединетите Американски Држави изгледа важи оној "што јужније то тужније" заклучок. Имаат луѓето "хедонометар" и можат да видат дури и на кој од терминалите на еден аеродром луѓето се најсреќни.

Кој стоеше зад нападот со антракс?

Добро е кога е кратко вниманието на јавноста за вест, кога се работи за некоја свадба на Кардашиан. Ама, навистина штета што за некои озбилно битни приказни, вистината се дознава месеци откако на сите ќе им биде преку глава од тоа. На пример:

Тежина на правдата

Речиси 500 поротници, мешан состав, мажи, жени, слаби, дебели... Им даваат слики на четворица осомничени, исто мешан состав. Кој од четворицата на поротниците најмногу им личи на виновеи? Дебелата. 

Месечина за Месечината

Земјата ја има својата лојална Месечина. За да не биде фрустрирана, ќе и донесеме нешто да се врти околу неа.

Вај из соу дификлт?

За разлика од Словените, Англичаните го немале Вук да им стандардизира едно ефикасно правило за пишување па им останаа д а се мачат со "peak", "peek" и "pique", со "Prefer" со едно, а "proffer" со две "f"... Зошто англискиот е тежок за пишување? Проблемите започнуваат во 6-от век.

Колку пари толку зборови

Американските ученици редовно потфрлаат на државните испити со кои се утврдува богатството на нивниот речник и способностите за читање/ разбирање. Корените на проблемот се во најраната возраст а објаснувањето марксистичко: кој колку зборови има во себе зависи многу од примањата на родителите.

Како пропадна Мери

Во историјата на американските имиња, не постои толку драстичен пример на губење популарност на едно име како што е случајот со името Мери. "Двапати Мери, еднаш Весна", едноставно не одговара на американската реалност. Освен за оние што се по милферици.

Зошто ќе не закопаат два метра под земја?

Сметаме дека нема подобар начин за рассонување и релативизирање на понеделничката депресија (леле школо, леле работа) од една ваква тема. Видете, да бидеме искрени, сите ќе умреме. И бидејќи кај нас нема крематориум, најверојатно ќе не закопаат два метра под земја. Значи, од каде и од кога потекнува тоа правило за два метра?

Тагата чини пари

Тажните луѓе носат лоши финансиски одлуки. А тоа е некако тажно.

Веќе никој не краде "на жичка"

Во историјата заминува кражбата на автомобили, која, благодарејќи на филмовите, ја замислуваме како стандардна. Лопужите во меѓувреме се досетиле дека автомобил најлесно се пали со - клуч.

Википедија е отприлика готова

Може ли енциклопедија која ја работи жива заедница и е постојано отворена за нови информации воопшто да биде готова? - Може, вели историчар.

Има ли заштеда во авионот?

Ако патувате со авион, најдобар начин да заштедите е да резервирате карта 34 дена порано и по можност, да отпатува те во вторник.

Каде е, што прави Џорџ Дуплове Буш?

Што прави денес еден од нашите своевремено најомилени диктатори, после Сапармурат Нијазов? Американскиот "Пато" деновите ги минува најпензионерски. Игра голф и се храни по фини ресторани. Чекајте, чекајте, и црта портрети на кучиња.