Назад, назад, Калино моме

Како што гласи најпопуларната геј регрутна парола "кој еднаш пробал, веќе не се враќа" така и на човеков му е тешко да престане да биде рикверц. Додуша, минале 25 години откако првпат решил да биде обратен.

Во 1989 година, Индиецот Мани Манитан решава да не направи ниту еден чекор напред и да оди само наназад. Тоа го прави како знак на револт против насилствата во неговата земја.

И тоа го прави до ден денес, усовршувајќи го одот до толку да рикверцот му стане единствена насока по која оди насекаде, и по тротоари и по скали.

Првиот негов потфат изнесувал речиси 500 километри колку што наназад пропешачил гол  меѓу два индијски града.

Денес Мани држи дуќан за мобилни телефони и го сфаќа проблемот на својата навика - не знае да оди напред.

"Изгледа мојот мозок има заборавено како се прави тоа," вели Мани додавајќи дека нема проблем да продолжи со рикверцот сè додека не биде постигната основната цел на неговиот протестен од - постигнување светски мир.

9 јуни 2014 - 08:39