Светско првенство во сè останато

Квалификувани се истите нации како и за Мундијалот во фудбал, и сите се поделени во истите групи, само сега се натпреваруваат во категории за кои побожно може да навиваат само економисти и статистичари.

Во фудбалски категории Нигерија би го освоила првенството во најтешка фудбалска репрезентација, со просек од 79 килограми. Додека Аргентина има репрезентација составена од најстарите фудбалери со просек од 28,9 години (најмлада е Гана со просек од 25,8 години ). Шампионатот за најмногу голови на квалификациите го освојува Германија за просек од 4,5 гола по натпревар, додека Пехарот за квалификување на Мундијалот со најмалку дадени голови завршува за Шпанија со 0,4 гола по натпревар.

Мундијалот на тема популација со 319 милиони жители би го освоиле САД, победувајќи ја Нигерија во финалето. САД исто така е победник на Шампионатот за најмногу Мекдоналдс ресторани по глава на жител, 4,48.

Првенствата за најмногу шума (процент од територија), најмногу вода (процент од територијата која е под вода), најмногу дожд (милиметри годишно), најмногу земјоделско земјиште (процент од територија) ги освојуваат: Јапонија со 67% шума, Холандија 18,4% вода, Костарика 2.926 дожд мм годишно, Нигерија 83,7% под земјоделско земјиште.

Во ергенската категорија, Светското првенство за најмногу неомажени жени го освојува Бразил, со 44,6% немажени на возраст од 45 до 49 години. Од техничките Холандија е шампион во интернет со 93 интернет корисници на 100 луѓе, Русија е шампион во мобилни телефони со 1,84 претплати по глава на жител, а репрезентацијата на Мексико го освојува првенството за најмногу следбеници на Твитер.

останатите првенства

12 јуни 2014 - 09:33