Книгата се вика Correlated, а нејзин автор е Шон Галагер, кој ветува дека во неа се откриваат "изненадувачки врски меѓу налик неповрзани работи."
Книгата не е претерано истражувачко ниту научно дело, и се базира на над 1 милион одговори што на сајтот на Галагер, Correlated.org, ги имаат оставено околу 36.305 луѓе. Самиот Галагер признава дека во анализите не се испочитувани сите статистички правила, како случаен избор на луѓе или основни варијабли, и во самиот вовед порачува дека целта на неговата книга "не е да се спротивстави на строгите професионални правила," туку треба да провоцира размислување и забава.
Меѓу комплетно не-научните факти што ги открива книгата на Галагер се:
- Луѓето што биле на состаноци на слепо, е поверојатно да имаат визит карти.
- Луѓето што пушеле марихуана е поверојатно да летаат со прва класа.
- Луѓето што мислат дека секогаш треба да ја делиш сметката кога си излезен на романтичен состанок е помалку веројатно да се во брак.
- 24% од луѓето имаат користено противпожарен апарат.
- Луѓето кои велат дека лесно им се прават модрици, е поверојатно да имаат читано книги од Вилијам Фолкнер.
- 60% од луѓето велат дека никогаш не биле во тепачка.
- 30% од луѓето велат дека имаат убав ракопис.
- Луѓето што водат дневник, е поверојатно да си носат ручек (работа / училиште) отколку да го купат.
- 70% од луѓето велат дека сакаат да пишуваат листи.
- Луѓето што можат да на направат "мунвок" е поверојатно да преферираат кремасти преливи за салати.
- Луѓето кои ја сакаат Гица повеќе од Кермит е поверојатно да имаат тетоважи.