На повидок е разврска на долговечната контроверза за потеклото на Етрурците.,древна култура која цветала пред 3.000 години на територијата на Италија и извршила пресудно влијание на целата Римска Империја.
Иако постоеја хипотези дека Етрурците дошле од северна Европа, утврдени се ДНК докази дека тие всушнoст се доселеници од Анадолија, Турција.
Тоскана во централна Италија е базенот во кој опстојуваат потомците на оваа древна цивилизација што се манифестира и преку топонимијата и преку специфичниот дијалект. Екипата на професорот Алберто Пјаца од Универзитетот од Турин успеала да најде генетски докази за нивната пра- татковина Турција
Биле земени мостри од денешни луѓе кои живеат во неколку града од Тоскана и се споредувале со генетски материјали од денешна Турција, јужна Италија, Европа и Средниот Исток при што се утврдени големи сличности со примерокот од Турција. Во таа смисла, Италијанците од Тоскана се поблиски со Турците отколку со останатите Италијанци. Постои дури и генетска варијанта која ексклузивно ја делат луѓето од италијанската област Мурло и современите Турци од Анадолија.
Се претпоставува дека поради долготрајната глад, тогашниот крал наредил половина од населението да замине од древна Лидија (Турција) во потрага по подобар живот. На бродови се качиле во денешен Измир за да се спастрат во Умбрија.