Заедничкото за сонцето од Вергина на јајце од кокошка, лик на човек на Месечината или Богородица во шолја кафе, е тоа што секоја од овие работи може да постои само затоа што ти очекуваш да ги видиш.
Жена заглавила 23.000 долари и решила да се стави на строг потрошувачки пост. Кога видела дека постот дава резултати, се почастила со поблага варијанта, потрошувачка диета.
Многу е веројатно дека ако дома имате апарат за домаќинство што сте го купиле пред 30 или 40 години, тој сè уште работи. Или дека ако пред некоја година сте решиле да го замените со нов, досега сто пати сте се покајале.
Ѕе! или Пикабу! е игра на која бебињата паѓаат без разлика на кој меридијан се наоѓаат или во каква култура растат. Зошто е тоа така? Затоа што играта им е феноменална алатка за учење.
Не дека е млад ама стварно е греота ако потклекне. Давид во Фиренца мака мачи со своите ножни зглобови, особено со левиот. А и како да нема мака кога е онолку тежок а по цели денови е на нога.
Ако понекогаш сте се запрашале каде се изгуби сиве овие години овој интересен филмски тип кој го познаваме од "Приказна од Бронкс" или "Сопранови", одговорот е - во затвор.
Дали името на вашето машко дете завршува на „н"? Ако е така, тогаш свесни или не, и вие го следите американскиот тренд, еден од најчудните во историјата на именувањето деца.
Во третиот век од нашата ера Кинезите веќе биле запознаени со „стариот континент". Еве што напишал еден нивен неофицијален историчар, кој никогаш не ја напуштил татковината, но собрал голем број информации за земјите западно од Кина, односно за тогашното Римско царство.
Од лицето на мажот може точно да се прочита колку е тој интелигентен. Од лицето на жената и понатаму не може ништо да се прочита и ќе остане така се до следната расправија кога ретроактивно и хронолошки ќе ти каже во лице се што си згрешил од претходната кавга до дента.
Процедурата за додавање ја објаснува лексикограф на Мериам Вебстер, укажувајќи на тоа дека еден збор не станува официјален кога ќе влезе во речник, туку "официјалноста" е решена многу порано, бидејќи речникот е за запис на она што се случува во јазикот и зборовите кои се користат во него.
Ако нема доволно дистанца од темата, вицот навредува. Ако има премногу дистанца, тој е досаден. Па како да се одреди вистинскиот тајминг за шалење? Како тоа, како? Да речеме, го знаете ли вицот за Кајмаковски?*
Цртаните на Дизни на кои се растени генерации деца се далечно ехо на приказните од фолклорот на европските народи, кои послужиле како основа за романтизираните верзии кои ги знаеме. Во нив има страшни, хорор детали, испеглани во име на политичката коректност и современата педагогија.
Трудница испраќа писмо до CoorDown (италијанската национална организација за луѓе со Даунов синдром) откако дознава дека нејзиното бебе ќе се роди со Даунов синдром.
Човек видел дека на сметка му останале само 90-тина долари. Решил да ги понуди за продажба сликите кои ги споделувал на фото сервисот ИНстаграм. Му тргнало.
Минатата недела почина Мајк Паркер, типографот кој е најзаслужен за промоција на фонтот кој стана дел од глобалната визуелна култура и чиј дизајн може да го препознае и ненавежбано око.
Мажите се толку несигурни во себе што самодовербата им ја расклатува и обична љубезност. Ако сакате некој мажјак да утепате во поим, доволно е само да му придржите врата кога влегува.
Истражување меѓу жените на британскиот остров покажало дека во животот на една жена има двојно повеќе диети отколку љубовници. Не навлегуваме во причините на овој тажен сексуален скор, но факт е дека брзо се откажуваат, од диетата.
Замислете ја следнава сцена: Двајца пријатели вечераат во ресторан. Добиваат дојава дека жената на едниот, таму и таму, се кова со швалер. Упаѓаат во кола и со фото апарати одат да ја фатат во живо. Пријателите се викаат Френк Синатра и Џо ДиМаџио, таа е Мерилин Монро.
Американците веќе не гинат од громови, од што во минатото беа масовно покосувани. Причината е едноставна и универзална: се напикаа селаните по градови.