Занимливости

Закерберг го купил комшилукот

Зависниците од Фејсбук можат да бидат горди на себе затоа што сториле голема добрина за еден човек. Се вика Марк Закербег кој штотуку потрошил 30 милиони долари да купи четири куќи околу својот дом за да има поголема приватност.

Ова е просечното машко тело

Нејќеме да расипеме ничии соништа но јавето изгледа вака. Првиот е Американец, вториот Јапонец, третиот Холанѓанин а последниот Французин. Идеални само по тоа што се совршено просечни.

Митот за скапите пенкала на НАСА

Приказната за пенкало на НАСА за пишување во вселената и далеку поедноставното решение на Русите се појавува секогаш кога некоја огромна корпорација ќе презентира некој комплексен, пренадуен и претерано скап производ или процес. Излезе дека НАСА не биле до толку дрва.

Психијатар за пари

Се е во ред со вас, ама најчесто (по навика) носите лоши финансиски одлуки, проблем кој е посебно лошо да се има во време на финансиска криза. Има доктор и за тоа.

Пиши ми во "оној" фонт

Графички дизајнер создал фонт за кој тврди дека не може да биде прочитан од владините и корпоративни шпиунски софтвери. Дечкото не е шарлатан, има работено за самата НСА.

Како звучеле нашите предци?

Еден наш господин (името познато на редакцијата), соочен со реалноста како луѓето во странство се разбираат на најразлични начини, му се има доверено на својот сопатник од Македонија: "Добро што Господ ни го даде македонскиов, иначе ќе лаевме како кучиња". Пред нас е аудио реконструкција на тоа како звучеле нашите предци кога на располагање имале само еден јазик. А не им се лаело. 

 

Ctrl+Alt+Del беше грешка

Милиони луѓе со децении се злопатат со нелогичиниот тропрст на Мајкрософт само затоа што дечкото што има ја правел татстатурата нејќел да им додели копче за тоа.

Зрелоста се одлага за 7 години

Адолесценцијата повеќе не завршува на 18, туку на 25 години, заради тоа што родителите ги гушат своите деца и не ги оставаат да созреат со време и заради тоа што толку време треба.

Романија и го возвраќа ударот на Британија

Напнати од тоа што Британците се во константа паника дека ете некој од Балканите / истокот на Европа ќе им дојде во земјата и ќе им ги сработи сите работи за багателно ниски плати, Романците со фантастична маркетинг кампања решија да им ја смират паниката на островјаните.

Најважниот телефонски повик (што нема да го добиете)

За еден месец од сега, Швеѓанец по име Стафан Нормак ќе се јави на неколку телефонски броеви низ светот и потоа ќе им честита. Ако ви се случи ова, тогаш и од нас честито Нобелова награда.

Градот што нацрта оптимизам

Заради исти проблеми како и на остатокот од континентот, ирската паланка Бушмилс (да тука го прават и вискито) завршува со еден куп затворени локални бизниси и продавници. Локалците никако не можат да се помират со депресивниот изглед на местото.

Зошто жените се меркаат меѓу себе

Мажите гледаат жени и жените гледаат жени (најчесто од сосема различни причини), со таа разлика што жените се многу позаинтересирани да зјапаат во други жени отколку да го меркаат спротивниот пол.

За татковината, со колбасот напред

На Германците, традиционално навикнати на мрсна трпеза, во текот на Првата светска војна им било забрането да јадат кобасици. Не заради триглицеридите туку затоа што во тоа време, со полни стомаци од овие месни производи, татковината немала со што да полета.

Најскапиот баскет на светот

За да го прослави отворањето на дуќанот во Беверли Хилс од 1.115 метри квадратни, францускиот бренд Ермес изработи син баскет кој во продавница чини - 12.900 долари.

Креативноста на лудите деспоти

Овојпат без нашите омилени ликови од екс-советскиот простор, неколку примери на државници чие лично "I have a dream" се претворал во кошмар за луѓето од тие земји.

Како изгледа да ја поседуваш целата индустрија

Конкретно станува збор за индустријата за очила (сонце / диоптер), а компанијата што ја поседува оваа индустрија е многу веројатно дека никогаш не сте ја чуле и се вика - Луксотика.

Мажи, па и не мора

Жените се уверени дека мажите не ги бива за ништо, ама сепак ги чуваат по дома бидејќи ќе се најдат за една, две работи.

Твитот што ја предаде Џ.К. Роулинг

Веста е дека Џ.К. Роулинг ултра успешната авторка на Хари Потер, на целата своја слава и пари, решила да објави детективски роман под друго име (и тоа машко) Роберт Галбрајт. Тајната ја откри Сандеј Тајмс и се благодарејќи на еден твит.

Црвениот телефон никогаш не постоел

Да, милион пати сме го виделе фамозниот црвен телефон на релација Белата куќа - Кремљ кој служи за исклучителни ситуации да се чујат супер силите пред да се дигнат во воздух. Ама на екран. А на екран сме го гледале и Лазе Бараков, па никогаш не ни отворил порта.

Ако си ружен, носи бело

Мажите кои носат бели маички им изгледаат попривлечно на жените, бидејќи маичките успеваат да направат магија од вашето тело.

Зошто дождот толку добро мириса

Не е дека јуни нè натера да сонуваме за дождови, туку излезе дека целиот мерак за дожд човештвото го носи со себе уште праисторија, бидејќи тој најдиректно бил поврзан со нашето преживување. Сепак, меракот на мирис на дожд е сосема друга работа.

Сочувството се тренира

Способноста емотивно да се ставиме во туѓа кожа не е константа туку вештина која може да се увежбува, тврдат научници.

Лакомите парајлии

Магазин решил да провери кој од американските милионери е најголем шупак за пари па на 60-тина такви им праќале чекови на безначајни суми. Во финалната рунда останале само двајца.

Зошто сме на интернет?

Порното, клиповите со мачиња или манијaчењето слики по Фејсбук не се главната причина заради која сме толку зависни од интернет. Нè навлекува неговата структура, не самата содржина. Накратко, на интернет сме затоа што во близина немаме лавови.